ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милевски: Собранието изгласа 10-годишна Стратегијата за регионален развој, го подигнуваме квалитетот на животот на граѓаните

April 4, 2021 13:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија ја изгласа Стратегијата за регионален развој 2021-2031, долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, целите и приоритетите на регионалниот развој во државава и се дефинираат мерките, инструментите и финансиските и други средства за нивна реализација.
Стратегијата за регионален развој 2021-2031 е усогласена со основните стратешки цели на Регионалната политика на ЕУ, како клучна инвестициска политика за одржлив и инклузивен економски раст и има за цел намалување на економските, социјални итериторијални диспаритети помеѓу регионите на ЕУ низ поддршка за создавање работни места, конкурентност, подобрен квалитет на животот и одржлив развој.

– Овој долгорочен плански документ е важен за сите нас поточно за рамномерен и одржлив развој на целата територија на Република Северна Македонија, заснован врз моделот на полицентричен развој, подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани, зголемување на конкурентноста на планските региони преку јакнење на нивниот иновациски капацитет, ревитализација на селата и развој на подрачјата со специфични развојни потреби и поддршка на меѓуопштинската и прекуграничната соработка на единиците на локалната самоуправа во функција на поттикнување рамномерен регионален развој, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тој појасни дека Законот предвидува програмирање, партнерство, кофинансирање, транспарентност и одржливост начела преку кои концизно и јасно ќе се утврдат креирањето на локалните политики како на граѓаните, бизнис секторот и на државните и приватните институции. Само преку конкретни стратегии ние може да создаваме европски вредности во државава и затоа како Министерство за локална самоуправа со оваа Стратегија даваме придонес кон процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

При подготовка на Стратегијата за регионален развој 2020-2030 особено внимание било посветено на обезбедување кохерентност на целите, приоритетите и мерките со начелата и приоритетите на „Европскиот Зелен Договор“ и на Зелената Агенда за Западен Балкан, чија стратешка цел е да ја направи економијата на ЕУ и на Западен Балкан одржлива преку трансформација на климатските и еколошки предизвици во можности, и праведна транзиција со вклученост на сите.

– Во подготовката на Стратегијата беа вклучени голем број на експерти. Претходеше процес на оценка на имплементацијата на претходниот стратешки документ. Мораме да спроведуваме реални мерки и активности врз основа на реални податоци и аргументи. На државата и е потребен подинамичен развој, но и порамномерен развој за да може секој граѓанин добро да живее во сопствената средина, да има вработување, пристојна егзистенција и пристап до квалитетни услуги. Создадена е институционална и нормативна инфраструктура, Центрите за развој имаат искуство, со средства од Буџетот и со поддршка од швајцарската влада реализираме проекти кои што прават реални промени и ги подобруваат условите за живеење, додаде министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Во наредниот период со координација на централната и локалната власт и со вклученост на граѓанскиот и на бизнис секторот, со голема посветеност на сите засегнати страни, предизвикот што побрзо да се приближуваме до визијата која што е дефинирана во Стратегијата: Да се надминат воочените диспаритети и планските региони да прераснат во функционално – територијални единици во кои се генерира стабилен економски раст, се обезбедуваат квалитетни социјални и други јавни услуги штитејќи ја животната средина и природата и придонесувајќи на тој начин за зголемување на нивната атрактивност, задржување на населението и одржлив развој преку паметна специјализација и искористување на конкурентските предности.

Next Post
Бранко Тричковски

Говно со мирис на рузмарин и ванила

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk