пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Мислиш дека се само НЕСПОСОБНИ да набават вакцини!? Ама нееее… Недела дена више ги имаат и уште не почнале со вакцинација на населението. Тек допрва правеле “план”!? Па шо чекавте од Нова година бе, абдали едни изгубени? Провизиите прво да ви легнат на сметка, а? #БагроКриминална.
Напишало најсмрдливото говно на партијата што се вика „Левица“ само затоа што, кога говното излегува од дебелото црево на неговата глупост, се витка обратно од движењето на стрелките на часовникот односно од десно на лево. Во согласност со принципите на кретенизмот како обожавање на смрдеата на нашите говна, да го парафразирам тука Чарлс Симиќ, оваа сераторско обраќање до нацијата го пренесоа повеќе медиуми и тоа беше принесено под носевите на илјадници граѓанки и граѓани.
Може да се каже дека нацијата го проследи со должно вмимание: Ммммм… лелелелеле… уфффффф… срамота за бандата, браво за говното, вистински национален и одговорен мафин…
Гледајќи да не ги забележат, некои се обидуваа и да го лизнат. Имаше и луѓе кои сакаа да чепнат од говното и макар мало парче да однесат дома, да можат и децата да го мириснат и да се просветлат.
Без да го јадат.
Да стои како реликвија, на врв на креденецот, меѓу две дуњи. Покрај теглите со слатко од смокви.
Па, добро, драги мои, не знам какви се вашите впечатоци, но јас би рекол дека има тука некои ноти на рузмарин и ванила, мора да се признае.
Дури и на покосено сено и кедровина.
Неверојатна комбинација.
Една капка може да те осмрди за цел живот.
Да речеме, што значи „Тек допрва“. На кој јазик е тоа и што тоа значи? Зошто „неспособни“ е напишано со големи букви? Претпоставувам за да се истакне големината на неспособноста. Но, ако е така, зошто „абдали“ е напишано со мали. Дали луѓето кои биле неспособни да набават вакцини престанале да бидат неспособни откако ги набавиле или, како се вика својството кое им овозможило како неспособни да дојдат до вакцини. Зошто би чекале прво да им легнат провизиите пред да почнат да вакцинираат. Можат ли неспособните да го погодат рамото на говното? Зошто луѓето би оделе да ги вакцинира неспособна багра? Не е ли апелот на говното злосторнички акт кон населението ако ги повикува луѓето на медицински третман кај абдали? Какви се тоа абдали кои провизиите ги оставаат на чекање?
И така натаму.
Што би рекле во Овче поле и Немањици – у кур да га ебу!
Јас мислам дека, абдалите од левото говно со ноти на рузмарин и ванила не се абдали, односно неспособните не се неспособни. Идејата е да се потепа што е можно повеќе народ. Власта не добива провизии од вакцините, туку наградата ја добиваат по глава на мртов Македонец. Особено затоа што статистички гледано, повеќе умираат гласачи на вмро. Според некои информации за секој починат власта инкасира по еден милион евра што значи дека од почетокот на епидемијата тие имаат чист ќар пред оданочување од околу четири милијарди евра. Со реални шанси до Великден и особено за време на веселата прослава на воскресението на кое ќе му се препуштат сите ако го прифатат планот на владата и на црквата да умрат во големи маки, да стигнат до сто милијарди, односно да го прошишаат Маск на првото место на најбогатите луѓе на светот. И да останат на власт до крајот на времето бидејќи сите гласачи на говното и на лигњата или повеќето, ќе бидат умрени.
Тоа е планот.
Одговорните медиуми мораат да имаат активен однос кон овој сератор, најдобро би било да го врзат во некоја штала. Во посебен бокс, да не мрда и без везе да ја троши енергијата, да го хранат со зоб и свежа трева и да му инсталираат во шупакот апликација кој срањето автоматски ќе го трансферира во медиумски продукт за најширока употреба.
Да не смее да се коле.
Само да сере.
Одиме понатаму.
Некако во исто време додека над Македонија се вршеше оваа дефекација на левата половина од нејзиниот газ, Жмицко излезе со следниот продукт на десното црево дебело: Веднаш да се одржи Меѓувладина конференција, ВМРО-ДПМНЕ, а ниту јас не поддржуваме ниту една национална отстапка. Менувавме и знаме, насила протуркаа промена на Устав, а со цел промена на уставното име.
Е, сега, можеби Жмицко има информации дека веднаш по изборите Бугарија ќе ја крене блокадата, се разбира, откако ќе добие одредена сатисфакција, па сака да се претплати на претставата во која тој ќе биде главниот актер од чија изјава на Бугарите и на светот им се стресле нозете и тоа меѓу нозете и, ете, конференцијата почнала на еден единствен знак на неговиот дел од македонското дупе. Не би имал ништо против тоа да е така. Впрочем и Палмер го рече истото: итен почеток на преговорите. Но, друго ми е зборот. Тоа говори дека Жмицко ги прифаќа сите акти на „македонското обезличување и уништување“. Нема борба, нема ревизија, нема ништо, само меѓувладина конференција за да можеме да одиме напред. Бравос, бе. Некои ќе прашаат: Како, бе Жмицко, да се одржи Меѓувладина конференција со хибридниот режим на најстрашните мафиотски структури кои некогаш постоеле, кои ги уништија институциите, правната држава, посебно, со држава во која затворите и притворите се полни со политички затвореници од редовите на вмро, со власт која ги предаде националните интереси, името го смени, уставот го смени, достоинството ни го уништи, нè опљачка, нè остави да умираме од ковид-19, нè изеде и нè исплука на платото пред киното Историја?
Ти си будала или се надеваш дека светот е будала?
Како мислиш да се одблокира Меѓувладината конференција, а Интерпарламентарната конференција да остане блокирана под твоето смрдливо дупе.
Зошто вмро и ти (од каде ти е сега оваа дистанца) не побаравте Меѓувладината конференција да се одржи „веднаш“ уште во 2006 или, ајде нека да бидеме пореални, „веднаш“ пред промената на знамето и на уставот и на името, вака вие знаете што викате, не знаете, јас ќе ви кажам, вие викате, сакаме веднаш да бидеме здрави, доста отстапувавме пред болеста, преку кур ни се сите вакцини, маски, изолации, дистанци, сакаме здравје веднаш, најдоцна до утре сабајле!
Хахаха!
Македонија е детска градинка за возрасни.
Со тешки психосоциопатски пореметувања и хистерични настроенија на корисниците.
Системот, демократскиот систем, им дава големи бели листови на кои тие го цртаат светот во пролет, си бркаат со мали тестери во шупаците и цртаат.
Мал Македонски Монмартр на демократијата.
Доминира кафеавата боја во разни нијанси.
Тоа е.
Утре ќе свикам прес конференција да видам колку души ќе дојдат.
П.С.
Врна ли се Заев со Хелихоптеро?
Бе?
Ќе умрам.
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.