Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе започне утре, понеделник, со „Спутник В“. Вакцинирањето ќе се одвива на пунктови во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“), а закажани се термини за 3000 граѓани.
Собранието на Република Северна Македонија ја изгласа Стратегијата за регионален развој 2021-2031, долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, целите и приоритетите на регионалниот развој во државава и се дефинираат мерките, инструментите и финансиските и други средства за нивна реализација.
Надзорот врз работата на наставниците не смее да биде притисок, туку поддршка, вели министерката за образование и наука Мила Царовска во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Министерот за финансии Фатмир Бесими, во текот на претстојната недела, ќе учествува на Пролетните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои годинава се одржуваат онлајн.
Денеска би сакал да споделам неколку кратки размислувања и да документирам неколку објави на Фејсбук и Твитер за кои мислам дека добро ја отсликуваат состојбата во дел од јавните комуникации.
Новинарство, психологија, родови студии, ова се само некои од насоките за кои студентите од година во година пројавуваат се помал интерес
Со летниот ред на летање се враќаат повеќето од авиолиниите што беа запрени во 2020 година со затворањето на аеродромот во Скопје. Станува збор за голем број линии на авиокомпанијата Визер