ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нови „зелени бели дробови“ во центарот на Атина, ќе се гради парк и административно седиште на градот, на местото од стара фабрика

April 5, 2021 14:41
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис викендов во Атина го презентираше капиталниот проект „Пиркал“, со кој се предвидува изградба на огромен парк и ново административно седиште на Атина со вкупна површина од речиси 490.000 метри квадратни.

Од нив, за изградба на парковска површина се предвидени околу 32,4 хектари (324.000 метри квадратни) од локацијата на некогашната фабрика „Пиркал“. Импресивниот проект е именуван како „зелените бели дробови“ на грчката метропола, кои ќе ѝ овозможат на државата да заштеди над 1 милијарда евра на долг рок, што во моментов се плаќаат за закупнини од државните институции, јавува Greek City Times.

„Планот подготвен од владата предвидува создавање на новите „зелени бели дробови“ во центарот на градот“, изјави Мицотакис од местото на некогашните индустриски постројки на фабриката „Пиркал“, која во моментов е во сопственост на грчките вооружени сили.

Проектот „Пиркал“ треба да се реализира во рок од пет години и во него се проценува дека ќе се вложат 250 милиони евра. Огромниот парк, заедно со идното административно седиште во Атина, би профункционирал во периодот 2025-2026 година.

Станува збор за локација на околу три километри од центарот на Атина, во близина на метро станицата „Дафни“. Покрај огромната површина на зеленило, на околу 160.000 метри квадратни е планирано да се градат административни згради во кои ќе бидат сместени девет министерства, со што ќе се надмине постојниот проблем на расцепканост на државните институции на различни локации во градот, за кои државата плаќа закупнина за изнајмување на нивните простории.

Грчката држава годишно плаќа по 33 милиони евра на име закупнини и други трошоци за објектите на министерствата и другите државни институции во Атина, информираат од грчката влада.

извор: МЕТА

Next Post

МЦМС: Расте бројот на заинтересирани за вакцинирање

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk