„Најновите тенденции покажуваат дека британскиот сој зема се поголем замав. Бројот на нови заразени како последица од Ковид 19 и починати, расте. Ова е најголемото оптоварување на системот на здравството на државата од почетокот на пандемијата до денес. Од овие причини Владата донесе нови рестриктивни мерки“, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција
Заев информира дека Владата одлучила забраната за движење и посебниот режим на движење на граѓаните да биде од утре, па се до 20 април. Новиот полициски час ќе биде од 20 часот до 5 часот наутро.
„На граѓани кои се во центрите за вакцинација им се дозволува враќање во живеалиштата врз основа на потврда за извршена вакцинација.
Целосна забрана за посетители и гости во сите угостителски објекти. Оние угостителски објекти кои продаваат храна онлајнх или преку телефон можат да вршат достава или да овозможат лица самостојно да земат храна надвор од објектот. Исклучок од ова се угостителските објекти од Аеродромите во Скопје и Охрид, како и лицата од хотелите, мотелите и сл. кои се сметени во тие објекти.
Забрана за работа на фитнес клубови и спортски сали за вежбање. Забрането е и одржување на конференции, се3минари и обуки. Обложувалниците ќе можат да работат шалтерски, но не и угостителскиот објект во склоп на објектот.
Домашните миленичиња ќе може да се изнесуваат за време на полицискиот час во прериодот од 22 до 23 часот, до 100 метри каде што живеат.
Останува во сила забраната за групирање на повеќе од 4 граѓани.“ истакна Заев на прес-конференцијата.
Ј. Ѓ.