ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ципрас: Горд сум на Договорот од Преспа, без него Турција ќе беше и на грчката северна граница

April 6, 2021 10:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Горд сум што Грција ја надгради својата геополитичка динамика во петте тешки години додека бевме на власт и што зад себе остави еден многу важен договор, Договорот од Преспа, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Контра“, објаснувајќи дека благодарение на договорот, Турција не е и на северната грчка граница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорејќи за надворешната политика на земјата, поранешниот грчки премиер се осврна и на Договорот од Преспа, рече дека „некои  кои глумеа, иако знаеја дека е позитивен договор, се бореа против него до последен момент поради политички цели“.

– Зошто сум горд? Бидејќи знам дека земјата ја нема Турција и на северната граница. Неколку месеци подоцна се покажа дека Турција не е само на исток, туку и на југ, во Либија. Ќе беше и на нашата северна граница, ќе беше и во земјата која денес е пријателска кон Грција, а грчките вооружени сили го надгледуваат нејзиниот воздушен простор, односно Турција ќе беше и во Северна Македонија, истакна Ципрас.

Во синоќешното интервју тој ги спомена и трите меморандуми што произлегуваат од Договорот од Преспа, а речиси седум месеци чекаат да бидат ратификувани во Парламентот, повторувајќи ја неговата позиција дека секој позитивен глас од 158-те пратениците на Нова демократија, ќе биде и едно извинување за нивниот став додека беа во опозиција.

– Уште ги чекам оние 158 извинувања од страна на пратеничката група на Нова демократија. Ме информираат дека доаѓа овој момент, со гласање со прозивка и секој да крене рака, сите оние кои пред две години жестоко ја нападнаа и ја клеветеа Владата на СИРИЗА, сега да гласаат за договор што произлегува од Договорот од Преспа. Договор кој Владата на Нова демократија го почитува и се придржува кон него и тоа е правилно, и води битки за соседната земја, а друго кажуваше додека беше во опозиција, порача Ципрас.

На средината на септември минатата година трите меморандуми беа доставени во грчкиот Парламент, потребно е да поминат на надлежната Комисија за надворешни прашања, а потоа да бидат ратификувани на седница, додека СИРИЗА пред неколку месеци, најави дека ќе побара јавно гласање со прозивка на пратениците.

Дел од медиумите во Грција во изминатиот период објавија дека меморандумите би можело да бидат ставени на дневен ред на крајот од април, а портпаролот на грчкото МНР, Александрос Папајоану на брифингот со новинарите во четвртокот, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, рече дека делот што се однесува на Министерството за надворешни работи е завршен, односно меморандумите се доставени, а сега веќе надлежноста ја има грчкиот Парламент.

Next Post

Бесими: Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на економијата

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk