ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Една третина од потрошувачите во земјава користат паметни телефони за плаќање

April 6, 2021 16:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Над една третина од потрошувачите во земјава ги користат паметните телефони за плаќање и извршување трансакции, а 61 процент се заинтересирани да ја користат оваа опција за плаќање во иднина, покажува регионалното истражување спроведено од „Visa“.

Резултатите од истражувањето укажуваат дека една четвртина од испитаниците започнале да ги користат паметните телефони за плаќање за време на пандемијата.

Од вкупниот број анкетирани, 84 проценти навеле дека нивното лично искуство со различни начини на плаќање е клучен двигател за нивниот избор на начин на плаќање. Како придобивки  од плаќањето преку мобилен телефон ги навеле практичноста (56 проценти), без ризик за губење на паричникот (47 проценти) и брзината (41 процент).

Половина од испитаниците веруваат дека користењето паметен телефон како начин на плаќање е безбедно, а скоро третина од потрошувачите изјавиле дека недостатокот на прифаќање на технологијата е неповолна положба, што укажува на ограничен број места каде што се можни такви плаќања.

На прашањето да ги наведат сите добра и услуги за кои испитаниците се подготвени да платат со своите паметни телефони, на врвот на списокот се месечните сметки по што следуваат услугите за паркирање. На трето место се плаќањата во продавници, кафулиња и ресторани, потоа билетите за театар, кино и јавен превоз. Следни се нарачката на храна и туристичките аранжмани за патувања и мебелот. Една третина од испитаниците во истражувањето би користеле мобилно плаќање при купување на автомобил.

Генералниот менаџер на Visa за Југоисточна Европа, Владимир Ѓорѓевиќ, верува дека мобилните плаќања наскоро ќе станат дел од секојдневието во Југоисточна Европа.

– За прифаќање на новите технолошки решенија е потребно време, но мобилните плаќања треба да се гледаат како нова форма што ќе овозможува технолошкиот развој слично како и безконтактните картички на почетокот кога беа воведени. Со оглед на запознаеноста и употребата на безконтактна технологија во сите земји од регионот, сметаме дека прифаќањето на мобилни плаќања може да дојде со уште поголема брзина, вели Ѓорѓевиќ.

Во регионот во однос на ова плаќање, добри резултати бележат Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина каде околу една четвртина од корисниците преферираат да плаќат со своите паметни телефони. Во Албанија, само 10 проценти ја користат оваа опција за плаќање.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk