ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Малите бизниси во САД во антимонополска коалиција против Амазон

April 6, 2021 22:03
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Повеќе мали бизниси од САД формираа коалиција за започнување кампања за построги антимонополски закони, а насочена пред сѐ кон Амазон, со намера да го натераат гигантот за продажба на стоки за широка потрошувачка онлјан да оддели некои од своите бизнис сегменти. 

Се работи за коалиција создадена денеска од компании кои работат во секторот за малопродажба на хардвер, канцеларски стоки, книжарници, минимаркети и други, на која и се приклучија бизнис здруженија од 12 градови.  

Малите бизниси ќе лобираат преку своите претставници во Конгресот да се донесат потребните закони за намалуање на монополската позиција на Амазаон на Интернет, каде на сопствена платформа тој конкурира со други помали продавачи, кои обично се губитицо во таа борба на намалени цени.  

Коалицијата бара закони со што ќе може да се одвои малопродажбата на Амазон од неговата онлајн продажна платформа. 

Во Конгресот на САД веќе се работи на текст за антимонополски законски проект со слични рестрикции против доминантните компании како Фејсбук, Гугл или Амазон, кои станаа монополи на Интернет мрежата во повеќе сегменти како маркетинг, медиуми, малопродажба или социјални мрежи.Такви закони бара коалицијата на мали бизниси, но засега законодвците сеуште немаат изготвен нацрт закон за да биде наскоро ставен на разгледување. 

Амазон од своја страна вели дека „напротив, страничните продавачи се надополнуваат со нас, и можноста на продавачите да конкурираат директно со Амазон е она од што најголем бенефит имаат купувачите, додека моделот за маркетинг на нашата трговска платформа служи за успех на самите продавачи“. Истакнувајќе дека тоа е она што се нарекува „слободен пазар“. 

Волстрит журнал наведува коментари од сопственици на неколку мали бизниси кои биле принудени да отпуштат работници или да ги остранат своите производи од платформата на Амазон поради „преголемиот увид што компанијата го има во нашиот бизнис“. /МИА/

Next Post

Николовски: Сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk