ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Никола Димитров: Смртта на Златко Божинов, овчарот од кратовско не смее да помине без конкретна одговорност, ама не смее да помине и без сериозни системски промени за никогаш да не се повтори ваква трагедија

April 6, 2021 19:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

“Смртта на Златко Божинов, овчарот од кратовско не смее да помине без конкретна одговорност, ама не смее да помине и без сериозни системски промени за никогаш да не се повтори ваква трагедија.

Го објавувам името оти мислам дека овој човек и неговото име треба да одекне како силен вресок за промени.

Во изминатите денови добив многу пораки од познати и непознати граѓани, некои изненадени што носител на должност зборува (признава) за нефункционалност на институции, некои со поддршка и поттик за да се истуркаат промени, некои со скептицизам дека ништо нема да се стори.

Денеска веќе гледам дека мотото “да нема ненадлежни” го преземаат и други. Тоа е добро. Да туркаме заедно.

Вчера и денеска имав телефонски разговори и средби и со познавачи на состојбите на терен и со повиканите институции и она што го разбрав е дека недостасува интегриран систем за одговор на барања за помош во итни ситуации.

Тој празен простор е совршено алиби за префрлање на топката меѓу институциите и за непреземање, ниту на акции, ниту на одговорност.

Тука се потребни итни чекори – да се создаде еден центар што ќе раководи со делегирање на надлежност при вакви ситуации. Наместо пет различни броеви граѓаните во мака ќе вртат еден, па таму ќе се одговорни да најдат кој е одговорен. А повиците да се снимаат.

Оваа работа мора да се истурка до крај и јас лично ќе вршам притисок се’ додека не се заврши работата. За одговорност. За систем.

Што поголем е притисокот толку поскоро ќе има резултати.

Ќе си речете ова не е моја работа – ама пораката што ја пратив дека не смее да има ненадлежни сакам да ја покажам токму преку овој пример.

Да, јас во оваа област немам директни ингеренции, ама тоа не ме лишува од одговорноста што ја чувствувам за да направиме промена што ќе спречи нова ваква катастрофа.

Длабоко сочувство до семејството. Нека му е светол патот.” – напиша Никола Димитров на својот фејсбук профил.

Next Post

Данска воведе „ковид пасоши“ за внатрешна употреба

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk