ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Под 100 евра ќе биде приклучокот на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас

April 6, 2021 12:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Под 100 евра се очекува да чини приклучувањето на домаќинствата на дистрибутивната мрежа на природен гас. Од јавниот-приватен партнер кој ќе ја развива дистрибутивната мрежа ќе биде побарано да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат инсталацијата на рати на повеќе години.

Изборот на јавен-приватен партнер следува во наредниот период, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски очекува тоа да се случи до крајот на првата половина од годинава. Според информациите на РКЕ, во крајната фаза остануваат две компании од Турција.

–  Она што е важно е дека тендерски услов кој ќе биде најбитен, ќе биде најниската цена која ќе се понуди за приклучок на природен гас. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде под 100 евра по приклучок. Тендерирањето ќе започне од 100 евра и мислам дека тоа ќе претставува придобивка за домаќинствата кои ќе имаат низок трошок за приклучување. Очекуваме од новиот јавен-приватен партнер да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат својата инсталација на рати на повеќе години, изјави денеска Бислимоски.

Ќе биде побарано и од општините да даваат донации за домаќинствата кои ќе сакаат да се приклучат на мрежата на природен гас за овој еколошки енергенс да стане многу подостапен до граѓаните.

Од страна на РКЕ е изработена првичната верзија на новата методологија за определување на цените за дистрибуција на природен гас на мрежи кои ќе се градат од почеток. Целта е да се гарантира цената на гасот и да се прави контрола во првите години од работењето.

Сега, во градовите каде е развиена дистрибутивната мрежа на природен гас, приклучокот чини 500 евра. Во Турција, која во последните 15 години разви сопствена дистрибутивна мрежа на природен гас во 27 свои области и има тенденција тоа да го стори и во селските средини, приклучокот во станбени згради чини 120 евра по стан.

Инаку, првпат откога е започната гасификацијата во земјава, лани е забележана рекордна потрошувачка на гас. Според РКЕ, лани потрошувачката на природен гас изнесувала 338 милиони нормални метри кубни и е за 12,5 проценти зголемена во однос на 2019 година. Зголемување на потрошувачката на природен гас имало во индустрискиот сектор за 43 проценти, а намалување за 11 проценти е забележано само кај металната индустрија која беше најпогодена од кризата.

– Радува и фактот  што има и нови домаќинства кои се приклучени на дистрибутивните мрежи за природен гас. Поголемиот број е во Струмица, а помалку има во Куманово, изјави Бислимовски на денешната прес-конференција.

извор: МИА

Next Post

Од вакцинирани близу 13 илјади граѓани, само два случаи на колапс од страв или паничен напад

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk