ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Среќа во време на корона

April 6, 2021 09:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Малку е чудно човек да објави колумна за среќа во време на пандемија, нели?! Или можеби не. Заглавени сме дома, нашите животи се во прва брзина, а неизвесноста како честичка лебди во воздухот. Ама (понекогаш е добро кога има ‘ама’), во целата оваа неволонтерска тишина, многу од нас видоа прилика да размислат малку подлабоко за некои аспекти од животот. Во нашето брзо секојдневие речиси и никогаш немавме време, ниту енергија да застанеме за минута и да се запрашаме: Што претставува среќа за мене?

Сите што ме познаваат добро, знаат дека сакам да поминувам време со постари луѓе, деца и животни затоа што се спокојни, присутни во моментот и никаде не брзаат. Сте приметиле ли колку сме постојано во брканица? Пред некој ден мајка ми ми рече дека сум живеела како 24/7 да учествувам во емисијата на Марко, Дај побрзај (Ако не ја знае емисијава, мал/а е за тебе). И во право е.

Брзаме да завршиме со школување, брзаме да добиеме диплома, брзаме да стекнеме успешна кариера, брзаме да заработиме за материјални индикатори за нашата успешност, брзаме по поголеми индикатори за нашата успешност, брзаме кон повеќе, брзаме кон подобро, брзаме кон… среќа?!

Е, тука реалноста секојпат ми мава шлаканица. До кога ќе брзаме? Или, подобро, кон што брзаме? Дали е среќата збир од дипломи, професионални називи, титули, буџет на сметка и имотен лист? Дали кога ќе го постигнеме сè ова, ќе бидеме спокојни?

За жал, одговорот го знам и јас, а и вие.

Не би сакала да го вперам прстот кон човековата лакомост, затоа што сметам дека ова наше брзање и бесконечно итање кон повеќе е нешто посилно од тоа. Оваа зараза е резултат од културните и општествените убедувања со коишто сме пораснале и живееме. Среќата ни е претставена како клучот за убав живот, а сѐ што правиме всушност е непрестојно трчање во тркало, живеејќи медиокритетски животи и брзајќи…по среќата.

И кога повторно ќе се вратиме на почетокот, и ќе се прашаме која е причината што не умееме да ја дофатиме, добро би било да се прашаме: Дали среќата е всушност алегорија која можеме да ја проектираме единствено во себе?

Некој таму рекол, и фала му: Не е важно колку имаме, туку колку умееме да уживаме во тоа. Минатата година ми ја подарија книгата Хиге – книга за данскиот начин на добро живеење. Хиге се преведува на најразлични начини, од уметност на создавање блискост, преку пријатна душевна удобност, па до црпење задоволство од присуството на смирувачки нешта како што се читање книга во удобно катче во нашиот дом, уживање во квалитетно вино или вкусно чоколадо. Авторот, Мајк Викинг, за да го долови хиге-то, како пример наведува: Какао под светлина од свеќи. Хиге е термин кој не се дефинира, туку се чувствува. Тоа е моќниот дански став кон животот, кој постојано ја рангира Данска меѓу најсреќните земји во светот. Добрите вести се дека и ние самите можеме да научиме и сами да ја култивираме нивната идеологија.

Да одвоиме по некоја минута секој ден за да се заблагодариме за сè она што го имаме. Затоа што среќа – како чиста, вистинска емоција – е она кога си стуткан на каучот со саканата личност или кога јадеш вкусна храна заедно со најблиските пријатели. Тоа се оние јасни, сини утра кога светлината што ти влегува низ прозорецот е токму онаа вистинската. Тоа се оние моменти кога сфаќаш колку си среќлија за тоа што ти се случува, па ти доаѓа да вриснеш „Го сакам животот!“ колку што те држи глас.

Данците велат дека не се најсреќни затоа што заработуваат добро, не се ниту гневни затоа што плаќаат превисок данок. Нивната среќа е резултат на нивниот менталитет при кој императив на секој е да успее да одвои време за да ужива во животот, да биде присутен во моментот и да практикува чувство на благодарност и задоволство.

Да ја негуваме врската со самите себе и со нашите сакани, затоа што вистината е дека да, секогаш ќе ни бидат потребни уште еден пар чевли, уште една посетена дестинација и уште еден триумф во нашата кариера, ама најмногу од сè, ќе нѝ требаат луѓе. Ќе нѝ требаат нашите луѓе без кои ниедно достигнување не би имало смисла ниту вредност – луѓе кои што се како живи потсетници да веруваме дека сè дури се имаме еден со друг, сè е возможно и дека најдоброто допрва доаѓа.


Текстот е личен став на Авторката. Сите права се задржани.

Next Post
Фото: МИА

Од денеска до 20 април полициски час од 20 часот, од утре за гости се затвораат угостителските објекти

НАЈНОВО

Трамп и Путин во Будимпешта

Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

October 25, 2025
Анаис хороскоп

Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

October 25, 2025
ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk