ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од денеска до 20 април полициски час од 20 часот, од утре за гости се затвораат угостителските објекти

April 6, 2021 09:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Се заоструваат рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците. Од денеска се затвораат и фитнес салите, спортските и салите за вежбање и се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Новите рестриктивни мерки имаат за цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем, како и да се избегне потенцијално затворање за верските празници Велигден и Бајрам.

Одлуката за затворање ќе трае до 20 април 2021 година, а како што соопшти Владата по вчерашната седница, објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт.

Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна, а исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиоте објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Обложувалниците ќе можат да работат без да примаат гости во своите објекти и уплатите да ги вршат преку наплатен пункт.

Информирајќи за новите рестриктивни мерки, премиерот Зоран Заев, рече дека ова е најголемо оптоварување на здравствените систем од почетокот на пандемијата.

-Бројот на новозаразени постојано расте, бројот на починати од корона расте, досега здравствените работници се справуваа со предизвиците, но, сега постои сериозно оптоварување на здравствените работници кои деноноќно и со сите сили се во битката за спасување човечки животи, рече премиерот Заев.

Вчера беа регистрирани нови 37 починати лица, како и нови 301 случај на Ковид-19 од направени 1.431 тестирање. Бројот на починати од почетокот на пандемијата достигна 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802. Вкупно биле заразени 135 167 лица.

Дополнителните рестриктивни мерки, според министерот за здравство Венко Филипче, се со цел епидемиолошката слика дополнително да стивне.

– Се соочуваме со бран кој е предизвикан од мутација на вирусот која е различна во однос на карактеристиките кои вирусот и бранот го имаше во ноември. Имаме голем број хоспитализирани пациенти, лекувањето трае подолго отколку минатата година. Празниците кои доаѓаат дополнително може да ја комплицираат епидемиолошката ситуација. Во таа смисла се сите овие дополнителни рестриктивни мерки со цел епидемиолошката слика дополнително да стивне, истакна Филипче.

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани, рече дека мерките се рестриктивни, но имаат за цел да се заштитиме и претстојните празници да ги поминеме во мир и спокој.

-Се наоѓаме на праг на големи верски пранзици, но свесни сте дека сме во тешка општа состојба. Размисливме проактивно. Се најдовме пред два избора или ќе го ограничиме пост или ќе се затвораме за Бајрам или Велигден. Ако не носиме одлуки ќе се соочиме со затворање и за Бајрам и за Велигден. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека празниците ќе ги поминеме без големи ограничувања, рече Хасани.

По одлуката на Владата за затворање на угостителските објекти како дел од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори побара итна финансиска помош за овој сектор, каде според нивните проценки без основни приходи ќе останат околу 30 илјади граѓани кои работат во овој сектор.

– Со оглед на моменталните услови, ја разбираме потребната од носењето на нови рестриктивни мерки кои треба да доведат до подобрување на состојбите на здравствен план. Но, во исто време апелираме дека е неопходно паралелно со тоа итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката затворањето ќе останат без било какви приходи. Финансиска поддршка е неопходна за да се обезбеди основна егзистенција и да не се изгубат овие работни места, вели Мартин Анѓеловски од Туристичко-угостителската комора.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, оценија дека со објавените мерки паднале во вода сите тврдења дека состојбата е под контрола.

– Паднаа во вода сите нивни тврдења дека состојбата е под контрола, дека системот е добро организиран и дека нема потреба од нови мерки, како што изјавуваа пред само една недела, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков

Досега полицискиот час почнуваше од 22 часот, а угостителските објакти работеа до 21 часот. Одлуката за полициски час од 22 часот беше донесена на 9 март и почна да се применува од 10 до 22 март. Потоа беше донесена одлука тоа ограничување да важи до денеска – 6 април.

 

Next Post

Домашните миленици ќе можат да се изнесат од 22 до 23 часот

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk