Денеска се вакцинираа припадниците на Армијата на РСМ во А1 Арената Борис Трајковски, извести министерот Венко Филипче на Фејсбук.
-Заинтересираноста е огромна и процесот тече според сите предвидени услови и протоколи. Овие лица спаѓаат во критичната група на граѓани кои се од есенцијална важност за функционирање на системот на државата, напиша тој.
„Ги повикувам сите останати граѓани кои досега не се пријавиле како заинтересирани за вакцинација преку своите матични лекари или на веб страницата vakcinacija.mk досега да го сторат тоа како би биле опфатени во системот на евиденција“, стои во статусот на министерот.