ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Играта на зборови може да повреди”, проект за превентивни активности на СВР Скопје

April 7, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Oдделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Црвен крст – Општинска организација Кисела Вода, започна проект „Играта на зборови може да повреди”, финансиски поддржан од Фондот за развој на проекти при Црвен крст на РСМ.

Целта на проектот, што до крајот на оваа учебна година ќе биде спроведуван во основните училишта на подрачјето на општините Кисела Вода, Аеродром, Сопиште и Студеничани, е превенција и намалување на случаите на „сајбер булинг“ (вербално-психолошко насилство меѓу младата популација при користење на социјалните мрежи), а со едукација и зголемување на јавната свест за сериозноста на овој облик на девијантно поведение, соопшти денеска МВР.

Целна група ќе бидат учениците од седмите, осмите и деветтите одделенија, а веќе се реализирани активности во основните училишта „Партение Зографски“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода.

– Практично во првата фаза од проектот, конципирани се онлајн превентивни активности, односно едукативно-информативни работилници двапати неделно, при што учениците со наставникот/членот од стручната служба, едукацијата ќе ја следат преку веќе воспоставени on-line meeting конекции од страна на училиштето, каде сите ученици од тоа училиште ќе се приклучат заедно, се појаснува во соопштението.

Во втората фаза од проектот, пак, предвидено е да почне со работа канцеларија за психосоцијална поддршка на жртви од „сајбер булинг“, каде жртвите може да побараат помош во Канцеларијата лоцирана во зградата на Црвен крст на Град Скопје, (на телефонскиот број 071/30 30 11 или на електронската адреса mladi.kiselavoda@redcross.org.mk).

Во текот на минатата година Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со полициските станици од општа надлежност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи реализираше низа превентивни активности, пред сѐ, посветени на младите и нивна заштита и едукацијата по однос на разните социо-девијантни и криминогени појави. Преку проектот „Безбедност во училиштата“ низ 30 едукативни работилници биле опфатени 15 основни училишта во Скопје, каде се формирани и клубови за превенција во кои партиципираат и ученици, а пак, во седум училишта на подрачјето на општина Центар биле формирани и тимови за безбедност.

Реализиран е и континуираниот проект „За безбеден град“, каде фокус беа средношколците, пред сѐ, учениците од прва и втора година од средните училишта во Скопје, додека во соработка со Агенција за млади и спорт, со Град Скопје – Сектор за образование, беше реализирана кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“.

извор: МИА

Next Post

Истражување: Загадувањето е грев, а неодговорноста кон животната средина е непочитување на Бог

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk