ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН и БРО: Современи наставни програми во новата учебна година за првачињата, изработката е во завршна фаза

April 7, 2021 16:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Учениците од прво одделение новата учебна година ќе ја започнат со целосно нови, современи наставни програми чија изработка согласно динамиката во планот за целосно реформирање на националниот образовен систем кој започна со усвојувањето на новата Концепција за основно образование, е веќе во завршна фаза.

Резултатите од досегашната работа на работната група составена од неколку тимови и нацрт верзијата на наставните програми денес беа презентирани пред министерката за образование и наука Мила Царовска. Членовите на тимовите изразија задоволство што за прв пат преку еден ваков процес се прави меѓусебно поврзување на наставните програми и што преку координација на различните тимови се доаѓа до исклучително квалитетни крајни решенија. Наставните програми се очекува да бидат усвоени и јавно објавени во петок, по што ќе се пристапи кон обуки за наставниците за начинот на имплементација.

На почетокот на минатиот месец, Бирото за развој на образованието преку јавен повик ги одбра соработниците – наставници од училишта и од високообразовни установи и тоа во поголем број за разлика од праксата во минатото, а кои заедно со советниците од оваа институција го започнаа креирањето на новите наставни програми.

Притоа, во текот на целиот процес на изработка на програмите, се консултираат експерти од области на коишто се темели новата Концепција, како родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализмот, а внимание се посветува и на изнаоѓање соодветни начини за презентирање на важноста и пристапот на учениците кон одредени прашања како заштита на животната средина, почитување на правата, развивање на одговорност и слично.

Новите наставни програми треба да обезбедат поголема видливост на интеграцијата, односно да овозможат реализација на сродни теми од различни наставни предмети во текот на исто одделение, со цел да се синтетизираат различни перспективи за предметот секаде каде што е можно, преку одредени можни содржини и  активности за нивна реализација.

Така на пример, доколку една од темите во прво одделение е „Кој сум јас?“, по предметот Општество ученикот ќе учи за своите особини и умеења и за тоа што може, а што не може да прави, преку предметот Природни науки овие знаења ќе ги поврзува со изучување на надворешните делови на своето тело и грижата за сопственото здравје, додека на часовите по Физичко и здравствено образование ќе истражува и вежба како може да се движи и да прави едноставни вежби.

Суштински значајно за новите наставни програми е што за прв пат, се изработуваат врз основа на Национални стандарди базирани на компетенции и се фокусираат на резултати од учењето.

Ова подразбира дека во истите е прецизно дефинирано какви компетенции, односно знаења, вештини и ставови се очекува да стекнат учениците за време на основното образование, при што, наставникот сега добива целосна автономија при креирањето на активности и изборот на наставни материјали со кои ќе ја прилагодува наставата кон одделни ученици или групи на ученици со цел постигнување на тоа што е поставено  со резултатите од учењето.

Тука спаѓаат компетенциите кои произлегуваат од подрачјето со кое наставниот предмет има директна врска, како и трансверзалните компетенции кои треба да бидат вклучени во повеќето наставни програми (на пример Дигитална писменост и Техника, технологија и претприемништво) или во сите наставни програми (на пример Личен и социјален развој), со што се овозможува холистички пристап во наставата и целосен развој на ученикот.

Потсетуваме дека Националните стандарди базирани на компетенции врз кои се изработуваат новите наставни програми се усвоени во текот на месец февруари. Со истите се опфатени клучните компетенции за доживотно учење содржани во препораките на Советот на Европската Унија и препораките кои произлегуваат од меѓународни студии со цел да го подобрат квалитетот на образованието во земјите членки.

Од резултатите од учењето пак, се изведени стандардите за оценување кои укажуваат на најмалку четири нивоа на когнитивни постигања на учениците, согласно Блумовата таксономија (познавање, сфаќање, примена и анализа/евалуација/креирање). Стандардите за оценување придонесуваат кон објективност и транспарентност во оценувањето на тој начин што им помагаат на наставниците во определувањето и оформувањето на критериуми за оценување.

Веднаш по усвојувањето на новите наставни програми, ќе следат обуки за наставниците, кои ќе се реализираат преку три модули во текот на мај, јуни и август.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk