ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шаќири: Бројот на вработени во јавниот сектор намален за 1 717 лица

April 8, 2021 13:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131 183 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во 1332 институции. Од вкупниот број, 19 594 лица биле вработени во Армијата, МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција. Освен како бројка за овие вработени лица во извештајот не се прикажуваат други детали, други детални анализи и тоа поради законски и безбедносни причини. Деталната обработка и презентација на податоците се врши за преостанатите 111 589 вработени лица. Во вкупниот број вработени влегува целиот јавен сектор, како што е дефинирано во Законот за вработени во јавниот сектор, односно прикажани се податоци за вработените во институциите од државната власт, во општините, јавните установи од областа на образованието, здравството, културата, социјалната заштита, јавните претпријатија итн.

Ова денеска го истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири на прес-конференција на која го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор. Посочи дека за истакнување е дека бројот на вработени во органите на државната власт претставува само 12,2 проценти од вкупниот број на вработени во јавниот сектор, односно од вкупно 131 183 лица во Владата, министерствата, органите во состав на министерствата, самостојните органи на државната управа итн. се вработени околу 15 945 лица.

Од анализата на податоците на Извештајот за 2020 година, посочи министерот, произлегува дека најголем е бројот на вработени лица во дејноста на образованието и тоа со 32 проценти, потоа здравството  – 19 проценти, управата – 14 проценти, па вработени во комуналните дејности на јавните претпријатија со 9,6 проценти, дејноста детска заштита и социјална политика се 6,8 проценти.

Тој рече дека споредено со истиот период минатата година бројот на вработени во јавниот сектор е намален и тоа за 1 717 лица. Намалување на бројот на вработени, појасни, има во органите на државната власт.

– Во 2019 година во органите на државна власт биле вработени 16 522 лица, а во 2020 година овој број е 15 945, што е намалување за 577 вработувања или три проценти. Но, ако како држава во 2020 година бележиме намалување на бројот на вработени во државниот апарат тоа не е случај со вработеноста во институциите во некои од клучните сектори како здравството и во детската и социјалната заштита. Напротив, во овие сектори извештајот покажува зголемување на бројот на вработени. Тоа илустрира дека новите вработувања се прават таму каде за тоа има вистинска потреба. Исто така, во 2020 година е зголемен бројот на вработени лица со високообразовни квалификации. Повеќе од половината, односно 53,62 проценти од вработените лица во јавниот сектор имаат најмалку високо образование, а 2 660 се вработени доктори на науки, истакна Шаќири.

Потенцира дека извештајот покажува дека поголем број вработени во јавниот сектор се жени и тоа со 54,83 проценти наспроти мажите кои се застапени со 45,17 проценти, а просечната возраст на вработени изнесува 46 години.

– И оваа година иако тоа не претставува законска обврска, се објавени податоци за бројот на вработени во акционерските држави во државна сопственост и за лица вработени преку Агенцијата за привремени вработувања. Во акционерските друштва во државна сопственост се вработени 10 390 лица, од кои 9919 на неопределено време, 95 на определено време и 367 преку Агенцијата за привремени вработувања. Овој број не влегува во анализата содржана во овој извештај. Преку Агенцијата за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор работно ангажирани се вкупно 2 425 лица и тие немаат статус на вработени во јавниот сектор и не влегуваат во анализите содржани во извештајот, додаде Шаќири.

извор: МИА

Next Post

Бесими: Компаниите имаат можност до 15 април да аплицираат за поддршка на платите за февруари и март

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk