ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АСО: Осигурениците лани во полиси за покривање различни ризици вложиле 163,7 милиони евра

April 9, 2021 10:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓани, компании и институции од пријавени штети лани наплатиле четири милијарди денари (65,1 милиони евра) што е на исто ниво како и во 2019 година. Од тоа за штети по полиси за неживотно осигурување компаниите на осигурениците исплатиле 3,57 милијарди денари (58 милиони евра).  Исплатите на штети по основ на осигурување живот изнесуваат 436,9 милиони денари (7,1 милиони евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Сите осигуреници лани во осигурување вложиле 10 милијарди денари (163,7 милиони евра). Во  период од пет години (од 2016 до 2020 година) биле купени полиси вредни 48,3 милијарди денари (785,2 милиони евра).

Во 2020 година продажбата на полиси од корпусот неживотно осигурување во вкупната бруто полисирана премија учествува со 82,7 отсто и изнесува 8,3 милијарди денари (135,4 милиони евра). Осигурителните друштва од продажба на полиси за осигурување живот инкасирале 1,74 милијарди денари (28,3 милиони евра) што претставува 17,3 отсто од целиот приход од продажба полиси. Најголемо учество во целата продажба има осигурувањето моторни возила со 4,96 милијарди денари (80,65 милиони евра), пред осигурувањето имот со 1,86 милијарди денари (30,25 милиони евра). Најголем раст има кај приватното здравствено осигурување од чија продажба осигурителите наплатиле пет пати повеќе во однос на 2019 година.

-Во последниве пет години во осигурување живот граѓаните вложиле вкупно 7,98 милијарди денари (129,7 милиони евра). За полиси кои покриваат ризици од неживотното осигурување (автомобилска одговорност, каско, имот, општа одговорност, приватно здравствено и други видови осигурување) вкупно се платени 40,3 милијарди денари (655,5 милиони евра),велатод АСО.

Продажбата на полиси за осигурување (бруто полисирана премија), додаваат, лани во споредба со 2016 година е зголемена за 1,35 милијарди денари (22 милиони евра).

-Бројните ограничувања врз вкупните економски текови и особено врз мобилноста, кои лани ги предизвика здравствената пандемија, негативно се одразија и врз продажбата на полиси. Но, благодарејќи на проактивниот пристап и соработката меѓу АСО и осигурителните компании вкупната продажба на полиси лани бележи благ пад од 5 отсто во споредба со 2019 година, истакнуваат од АСО.

На осигурителниот пазар работат вкупно 16 друштва за осигурување меѓу кои 11 покриваат ризици од осигурување неживот, а пет компании се специјализирани за осигурување живот.

извор: МИА

Next Post
Фото: Gerd Altmann / Pixabay

„ФИТР училница“: Северна Македонија со национална стратегија за вештачка интелигенција (ВИДЕО)

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk