Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски известува за заедничка акција на нашата полиција и Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА. Како што наведува министерот Спасовски, во акцијата е запленета дрога во вредност од над 800.000 евра, а приведен е и висок полициски службеник.
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) правејќи проверки на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци, открила злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од страна на обложувалници.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на наводите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за наводно „перење пари“ и злоупотреба на лични податоци во спортските обложувалници. Од таму велат дека податоци за играчите се земаат за да се задржи данокот на личен доход
Вклучувањето на Поштата во листата на најзагрозени споменици во Европа отвара можности за финансирање на нејзината обнова.
Воспоставувaме систем за ефикасна борба против корупција на сите нивоа, сите институции мора да бидат во служба на граѓаните, вели вицепремиерот Николовски на денешниот состанок со директорот на Царинската управа, Горан Сугарески.
Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот, вкупните инвестиции долж Коридор 8 може да достигнат 2,5 милијарди евра, оценија денеска Битиќи, Николовски и Бочварски на увидиот во градежните активности кои се одвиваат на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, кој се гради во две фази, со вкупна вредност од 58,5 милиони евра.
Денес на Фејсбук се појави слика на која што жена, после прмена доза, на наводно вакцината „АстраЗенека“ има помодрена рака… Ваквата нус појава која денес ги преплави социјалните мрежи, беше интерпретирана како овој случај да се случил кај нас и му се препиша на министерот Венко Филипче, иако оригиналната објава е на бугарска државјанка.
М. Миткоска