Неупатеноста и недоволната информираност околу вакцините, секојдневно доведува многу луѓе во заблуда, и непрекинато се шират лажни вести.
Денес на Фејсбук се појави слика на која што жена, после прмена доза, на наводно вакцината „АстраЗенека“ има помодрена рака… Ваквата нус појава која денес ги преплави социјалните мрежи, беше интерпретирана како овој случај да се случил кај нас и му се препиша на министерот Венко Филипче, иако оригиналната објава е на бугарска државјанка.
Фејсбук објавата во која министерот се обвинува беше избришана, а за потеклото на објавата, сведочат објавите на бугарските медиуми.
М. М.