Во Пехчево реализирани активности за подобрување на квалитетот на водата за пиење. Во таа насока како што информираа од пехчевското комунално претпријатие извршено е чистење на филтрите за вода во филтер станицата во Пехчево.
– Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Пехчево редовно се грижи за подобрување на квалитетот на водата за која им ја испорачува на своите корисници. За таа цел наши екипи извршија замена на опализираниот туф во филтрите за филтрирање на вода на филтер станицата во Пехчево. Заменет е опализираниот туф во сите филтри и истите се наполнети до максимум, информираа од претпријатието.
Оваа активност како што додаваат се врши периодично, се со цел испорачаната вода за пиење до корисниците да биде со подобрен квалитет.
– Со овие активности ќе продолжиме и во наредниот период се со цел водокорисниците да имаат квалитетна услуга. Во истовреме апелираме доколку граѓаните имаат каков било проблем со водоснабдувањето тоа да го пријават до надлежните служби, додадоа од претпријатието.
Оттаму додадоа дека во наредниот период екипи од претпријатието ќе почнат со активности за пролетно разубавување на градот.
извор: МИА