ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Фајненшал Тајмс“: Кина разгледува опции за мешање и промена на начинот на примање дози на вакцини

April 11, 2021 16:15
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кинескиот центар за контрола на болести размислува за мешање и промена на начинот на кој се примаат дозите вакцини за коронавирусот со цел да се зголеми нивната ефикасност, пишува Фајненшл тајмс, пренесува МИА. Тоа е првпат владино тело јавно да разговара за загриженоста во врска со ефикасноста на кинеските вакцини.

Шефот на ЦДЦ, Гао Фу, изјави дека „размислуваат како да се реши проблемот затоа што ефикасноста на постојните вакцини не е голема“. Тој предложи мешање дози на различни вакцини и промена на начинот на аплицирање во однос на бројот и временскиот интервал помеѓу дозите.

За разлика од другите производители на вакцини, кинеските производители не објавија податоци од третата фаза на студијата, што доведе до критики за недостиг на транспарентност во однос на ефективноста на вакцината за различни групи.

Секоја нова стратегија ќе има последици за повеќе од 20 земји на кои Кина им продала вакцини, најмногу преку билатерални договори. Кина досега испорача 40 милиони дози на други земји.

Чиле се соочува со уште еден бран на инфекција со нови видови, и покрај успешната вакцинација со вакцините Синовак. Ефикасноста на единечна доза беше само три проценти, а две дози 56 проценти, пишува ФТ.

Сепак, експертите не го поврзаа последниот бран со стапката на ефикасност на вакцината.

Синофарм тврди дека нивната вакцина има 79 проценти ефикасност, слична на стапката неодамна утврдена со истражувањето за вакцините Астра Зенека.

Експерти од Хонг Конг проценија дека ефикасноста на вакцината Синовак е 50,66 проценти, кај лица на возраст од 18 до 60 години.

Next Post

Регистрирани 687 нови случаи на Ковид 19, починати се 46 лица, оздравеле 1.347

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk