Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација ќе се спроведе утре – 12 април во период од 08:20 до 10:30 часот во А1 Арена (Сала Борис Трајковски) во Скопје. Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест, соопшти ЗНМ.
Една милијарда евра инвестиции и нови 14.000 работни места во овој мандат се достижна цел. Во првите три месеци од годинава се потпишани договори со три странски компании со вкупен износ од 50 милиони евра, а во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра, најави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
Граѓаните треба да критикуваат постојано, но и самите да се вклучат во борбата против кариесот во општеството. Ова е Влада која коренито се зафаќа со решавање на проблемите и веруваме дека и во оваа област граѓаните набрзо ќе воочат разлика и поместување кон подобро. Од ВМРО-ДПМНЕ на секој чекор доаѓаат опструкции, попречувања или саботирања во испораката на правдата во разни случаи, истакна за МИА вицепремиерот Љупчо Николовски.
Трајче Заев демантира: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви, ниеден од уапсените не е вработен во фирма на Заев. Братучедот од премиерот Зоран Заев, кој од некои медиуми беше обвинет дека запленетото комбето од акцијата на МВР е во сопственост на негова фирма, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикуваше да даде одговори за наводната поврзаност, преку објава на Фејсбук, изрично демантира.
Благо намалување на бројот на позитивни на коронавирусот се бележи во државава. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 1.092 случаи, од 5.569 тестирани, но и 2.003 оздравени. Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизација. Се вакцинираат приоритетни групи од т.н. критична инфраструктура – луѓе кои имаат многу контакти во работата и повозрасните лица.
На делницата Скопје-Охрид-Свети Наум во текот на вчерашниот ден санкционирани се 330 возачи за возење со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти МВР, 21 возач возеле со дури 70 километри на час над дозволената брзина, а 124 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното.
Балканските патишта кон ЕУ: Босна и Херцеговина – Доволно за мир, но не и за функционалност. Анализа за „Порталб.мк“ од Малинка Ристевска – Јорданова, Институт за европска политика.
Непознати хакери ги објавија податоците на 1,3 милиони корисници на социјалната мрежа Клубхаус, соопшти интернет порталот СајберЊуз.
Јужна Кореја продолжува со имунизација на лица под 60-годишна возраст со вакцината на Астра Зенека и процесот ќе продолжи како што е претходно планирано. На лицата помлади од 30 години нема да им се дава оваа вакцина, соопшти Корејската агенција за контрола и превенција на болести.
Австрија ги заврши преговорите за купување на руската вакцина против коронавирусот Спутник В и ќе набави милион дози, што ќе помогне за забрзување на процесот на имунизација, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Погребот на принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора, ќе се одржи на 17 април во капелата на „Сент Џорџ“, во замокот Виндзор, соопшти Бакингемската палата.




