ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Состанок со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка објавува висококвалитетни статистички податоци

April 11, 2021 12:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај предизвиците со пандемијата, Народната банка објавува висококвалитетни статистички податоци, коишто се усогласени со највисоките меѓународни стандарди коишто ги исполнуваат само 26 земји во светот. Особено важно е првото објавување на статистиката на финансиските сметки на крајот на минатата година. Значајно е што Народната банка ги оствари статистичките истражувања без доцнење, со задржување на квалитетот.

Ова, како што соопштија од Народната банка, се дел од констатациите од состанокот на дел од тимот на Народната банка со тимот на Одделот за статистика на ММФ, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка.

– На состанокот беше нагласено дека е важно што нашата централна банка се вбројува меѓу носителите на статистички истражувања коишто не само што во досегашниот период од кризата немаа прекин во истражувањата, туку и направија методолошки подобрувања и воведоа нови и подетални податоци. Како што беше истакнато, таквата подготвеност е важна, затоа што секојдневно се зголемува потребата од повеќе грануларни податоци и нив, во натамошниот период, ќе може да ги обезбедуваат само носители на статистички истражувања коишто се подготвени да ги следат новите стандарди и практики. Во тој контекст, се разговараше и за согледаните натамошни предизвици во сферата на статистиката, според досегашните видувања на ММФ, се вели во соопштението од Народна банка.

На состаноците во рамките на Пролетните средби коишто се одржаа досега било заклучено дека соработката меѓу Народната банка и ММФ на експертско оперативно ниво е одлична и се разговара за сфери во коишто понатаму може да се соработува. Инаку, во изминатиот период, Народната банка има добиено техничка поддршка од ММФ во шест области.

извор: МИА

Next Post

Сторија од МИА: За еден ист стан во Скопје, два пати се платило данок за промет на недвижности

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Војната со Иран се префрла на море: Шест бродови погодени во Персискиот Залив – расте ризикот за светската нафта

March 12, 2026

СДСМ: Срамна изјава на Мицкоски – ги нарече хистерични работниците кои бараат 600 евра плата

March 12, 2026
Илустрација Фронтлајн

Зошто Лавот сака да блесне – храброста да се биде виден

March 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Meta ја купи Moltbook – социјалната мрежа за AI ботови за која сите зборуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина актерот Кирил Поп Христов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 11 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk