ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Сторија од МИА: За еден ист стан во Скопје, два пати се платило данок за промет на недвижности

April 11, 2021 12:53
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во барака 16 во Град Скопје се поднесуваат даночни пријави за утврдување данок на имот. Во истата, двајца граѓани во различни месеци поднеле пријави за услугата што се нуди со два засебни купопродажни договори во кои стојат податоци за идентичен стан. Пријавите прифатени, данокот платен, Град Скопје добива двајца различни даночни обврзници за еден ист стан.

Станува збор за двајца од шестмината граѓани за кои МИА вчера откри дека се оштетени со капар од 32 илјади евра при обид за купување на стан. Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра, двајцата купувачи платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра, открива МИА. Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје.

Според документите во кои има увид МИА, на 24 февруари до Град Скопје е поднесена уште една даночна пријава која се заснова на договор за купопродажба на стан кој воопшто не е предмет на продажба. Еден од оштетените, во обид да купи стан, дознава дека му се продава живеалиште во кое веќе живееле луѓе кои што го имаат купено станот од првичниот сопственик преку посредништво од истиот агент.

Броевите на четирите горенаведени даночни пријави МИА ги достави до Град Скопје со прашање за потврда на регуларноста на истите, меѓутоа, до моментот на објавување на сторијата не добивме одговор.

Агентот недостапен, сопственикот прв пат слуша за договорите на кои стои неговиот потпис

МИА се обиде да допре и до агентот чии огласи сè уште стојат на огласните табли на интернет, меѓутоа, неуспешно. Неговото физичко присуство, и по пријавата, е повторно забележано пред бараката број 16 како и зградата во која се наоѓаат становите кои биле предмет на измама.

Успешна беше комуникацијата со сопственикот на становите, кој со МИА сподели дека соработувал со агентот десетина години, меѓутоа, никогаш не му дал конкретни овластувања. Како што кажа, работеле на принцип агентот да ги покажува становите и да се договара за цената која сопственикот ја кажува, за кога ќе се постигне согласност со купувачот, сопственикот да потпише и да се префрлат парите. Со што смета дека странките во овој случај, направиле голема грешка што му дале на агентот пари на рака, без потпис со физичко присуство на сопственикот, бидејќи, според него, купувачите  му верувале и наседнале на ниска цена. За потписот во негово име, кој се наоѓа на договорите за купопродажба, вели дека без присуство на адвокат и нотар за да легитимира, може да се потпише кој било.

Од друга страна, од еден од оштетените дознаваме дека, освен во Министерството за внатрешни работи, за „соизвршителство“ казниво според член 22 од Кривичниот законик, го има пријавено сопственикот и во Јавното обвинителство. Приклучување кон таа пријава најавуваат и останатите оштетени.

За случајот да биде уште поинтересен, дознаваме дека еден од адвокатите чиј потпис стои на два купопродажни договори кои што се предмет на измама, уште во 2019 година, го има дадено имотот на агентот на извршител, поради тоа што адвокатот, во минатото, на агентот му издавал деловен простор за кој не му била исплатена кирија. За истиот адвокат, едно од оштетените лица во случајот тврди дека издал бланко купопродажен договор и дека знаел дека агентот измамува и други лица, а не кажал, при што најавува пријава до адвокатска комора.

МИА стапи во контакт со гореспоменатиот адвокат при што добивме одговор дека поради членот 17 од Законот за адвокатура и Кодексот на адвокатската етика, не би сакал да произлегува со информации поврзани со неговите клиенти.

Оштетените во овој случај, го товарат агентот за недвижности за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра. Загрижени, веќе трета недела бараат институциите да преземат мерки што побрзо, со цел да се спречи моменталното и понатамошно оштетување на останати граѓани.

Среде екот на дигиталната ера, во Северна Македонија, една пријава од МВР до ОЈО патува цели две недели, а поради некоординираност помеѓу институциите, се случува државата да наплаќа данок за иста недвижност на повеќе граѓани. Останува само изгубеното време и грижите на луѓето кои што мислеле дека на пролет ќе се вселат во нов стан. Парите можеби ќе им се вратат, кога, зависи од ажурноста на институциите кои се на потег.

Поради пресумпција на невиност и заштита на лични податоци, од приказната се изоставени идентитетите. МИА продолжува да го следи случајот.

Ангела Рајчевска / МИА

Next Post

Град Скопје наскоро почнува со имплементација на проектот „трамвај на тркала“

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk