ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Гласен текстилец“ со отворено писмо од македонските пратеници бара да се донесе петтиот сет мерки

April 12, 2021 14:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението „Гласен текстилец“ од Штип денеска испрати отворено писмо до пратениците во Собранието во кое бара од нив под итно да се донесе петтиот пакет на економски мерки. Во писмото се вели  дека оваа социо-економска и здравствена криза предизвикана од вирусот Ковид-19, удри со сета сила по вработените од ниско-профитабилните и трудоинтензивни гранки, по жените, младите, возрасните пред пензија, хронично болните лица, самохраните родители.

-Се соочија со незаконски откази, не продолжување на договорите за работа, намалена плата, доцнење на плата и по два месеца, губење на права од работен однос, се разболуваа на работно место, но се трудеа да опстојат поради нивните семејства. Голем дел од фирмите особено во текстилната индустрија, немаат се уште исплатено плати за февруари и март 2021 година на работниците и работничките, така што тие се оставени на милост и на немилост. Поради неисплата на плати и лошата состојба на фирмите, работниците при користење на здравствени услуги се принудени да плаќаат на приватно. Свесни сте дека тоа значи  изложување на огромни парични издатоци и е сериозен проблем за нормално живеење, се вели во писмото на „Гласен текстилец“ до македонските пратеници.

Посочуваат дека во ниту еден  момент ова не претставува одлика на една социјална држава каква треба да биде согласно  Уставот. Бараат за време на привремена спреченост од работа (боледување) поради Ковид-19, на вработените во јавниот и во приватниот сектор да им биде исплаќан надоместок на плата во целосен износ, односно 100 отсто. Потребата од ваквото барање, додаваат, произлезе поради тоа што граѓаните се соочени со егзистенцијални проблеми, посебно оние од приватниот сектор поради лекувањето и лекарствата чии цени се значително зголемени, а приходите на работниците и надоместокот од 70 отсто за време на боледување не се доволни за тие да ги подмират трошоците за лекување на болеста.

-Не смееме да си дозволиме да немаме платено здравствено осигурување, особено во време на здравствена криза. ФЗОМ не смее да ги остави граѓаните да ги плаќаат прегледите, терапиите за себе и своите деца на приватно. Не хумано е од страна на пратениците, што ги ставаат личните и партиските интереси пред интересот на граѓаните кои се најранливата категорија во оваа здравствена и социо-економска криза со пандемијата, особено бидејќи вие треба да сте гласот на народот, вие треба да ги барате овие итни и неодложни потреби и да ги истакнувате проблемите на оние поради кои ја имате оваа функција. Благодарение на нив, вие имате редовна, висока плата, право на платено здравствено осигурување и повеќе од пристојни услови за работа. Не се соочивте со доцнење на плати, со незаконски откази и намалена плата. Не ве замолуваме, туку бараме од вас како пратеници, народни избраници, да престанат овие политички препукувања во ова Собрание кое се нарекува народен дом, и да го ставите интересот на народот пред секоја политичка цел, бидејќи работниците и работничките очекуваат од вас да го изгласате овој сет на мерки, зашто е неопходен за нормално функционирање на секоја човечка индивидуа, велат од „Гласен текстилец“.

Тие од пратениците бараат донесувања и измени на закони кои ќе овозможат редовна исплата на плата, следење на злоупотребите од страна на одредени работодавачи преку првите четири сета на мерки, помош за оние кои останале без работа, 100 отсто платено боледување поради Ковид-19 и право на здравствено осигурување на секој еден граѓанин.

-Она што е недозволиво е да се продолжи со неконструктивни препукувања и во последно  време, националистички реторики, бидејќи и Македонци, и Албанци, и Бошњаци, и Турци и Роми , се ставени во незавидна положба, бизнисите пропаѓаат а граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Тоа е најмалку што можете да направите за вашата држава и вашиот народ, бидејќи тој народ, граѓаните, ви ја дале поддршката да ги браните нивните интереси. Тоа и само тоа е вашата улога во ова Собрание, се вели во писмото на „Гласен текстилец“ до македонските пратеници.

извор: МИА

Next Post

Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата со Алијанса и Алтернатива

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk