ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦУК: Средба со синдикални претставници од КСОМ

April 13, 2021 18:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Стојанче Ангелов, в. д. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), оствари средба со повеќе синдикални претставници од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ).

Како што посочија синдикалците, средбата е иницирана и во контекст на препознавање на ЦУК,  во овој моментот, како институција во државата, којашто може да им помогне на пожарникарите и сега и во иднина, повеќестрано. Тие, Ангелов, го запознаа со нивните барања во поглед на изедначување на платите и подобрување на условите за работа, за да се донесе Закон за пожарникарство. Меѓу другото,  го запознаа и со предлози за да си го најдат своето место под заедничка команда сега, а и во целокупна поставеност во рамки на идните реформи на Системот за управување со кризи (СУК). Потоа го запознаа Стојанче Ангелов со состојбата и во насока за подобрување на условите за работа на пожарникарите коишто се ангажираат директно и во кризи и за спасување животи. Синдикалците посочија дека пожарникарите се расцепкани по општини и над една деценија како да се оставени сами на себе, а само кога има големи пожари или ризични спасувања настрадани и материјални добра им се обрнувало внимание и инцедентно се опремувале, речиси, само преку донации.

Стојанче Ангелов, в. д. Директорот на ЦУК, по запознавањето со нивните барања, посочи дека во општеството треба да се вреднува реално ризикот за пожарникарите, бидејќи тие на терен спасуваат животи и материјални доба и дека ова е прва средба од можните идни средби, што според можностите би се одржале веќе во претстојниот период на месецов. Тие средби би требало да бидат во насока  за да се координира оперативно процесот на идните реформи во Системот за управување со кризи со предлози и од практиката, а и директно од луѓето коишто се пожарникари, односно и преку Синдикалните претставници коишто ги обединуваат нивните барања за решавање на пожарникарските статусни и работни проблеми.

Инаку, синдикални претставници од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) средбата ја остварија на два посебни последоватолни состанока во ЦУК, заради новите „ковид“ превентивни мерки, а присутни беа: Марјан Ристевски – претседател на КСОМ, Арбен Велиу – претседател на Синдикатот на пожарникарите во Гостривар, Стојановски Ѕвонко КСС од Скопје, Гоце Делчев Тодев – главен координатор на КСОМ, Зоран Граороски – претседател на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп, Робе Митрески од Прилеп и Горан Ристески – претседател на гранскиот Независен синдикат на државна администреција. Инаку, по средбата во ЦУК, синдикалните претставници на КСОМ, одржаа прес-конференција пред зградата на ЦУК.

Next Post
Фото: МИА

За прв пат, сите државни функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk