Откако Владата вчера ја објави листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, на социјалните мрежи започна диригирана хајка против лицата ангажирани хонорарци.
Во тоа, како и многупати претходно предничеше лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, кој на нему својствен начин – со погрдни зборови и експлицитен говор на омраза се нафрли врз ангажираните хонорарци, нарекувајќи ги МРШОЈАДЦИ.
На објавените листи се наоѓаат и лица со опис на ангажман: толкување на знаковен јазик на прес
конференции; превод од македонски на албански јазик и обратно; уметнички труд – Фотограф; Графички дизајн; монтажа на видеозаписи; техничко лице за тон и видео… и други профили на лица професионалци ангажирани за потребите на работа на Владата.
Пратеникот од Левица, Апасиев, сите овие хонорарци, бескрупулозно ги нарече мршојадци.
На социјалните мрежи го потсетија Апасиев на неговите двојни аршини и толкувања, кога тој се правдаше за ангажманот и земените хонорари од СЈО, изјавувајќи дека од хонорарите ранел фамилија.
– Кога Апасиев зема хонорари, тогаш храни фамилија, а кога други земаат хонорари тогаш се мршојадци. Не иде така таа работа…, го потсетува @GPockov
Кога Апасиев зема хонорари, тогаш храни фамилија, а кога други земаат хонорари тогаш се мршојадци.
Не иде така таа работа куре. pic.twitter.com/yUnJsAFimx— Поцков ? (@GPockov) April 13, 2021
– Толкувачка на знаковен јазик кој работи за минималец и кој е единствен извор на навремено информирање на дел од општеството, за комрадот е МРШОЈАДЕЦ коментира @forty_tw0.
Толкувачка на знаковен јазик кој работи за минималец и кој е единствен извор на навремено информирање на дел од општеството, за комрадот е МРШОЈАДЕЦ. pic.twitter.com/xjwFPVXhkM
— 42 (@forty_tw0) April 12, 2021
После навредливата објава од Апасиев, не стивнуваат и сатиричните коментарите и фото-монтажи:
„Барам Владата да направи нов список од ангажирани хонорарци, оти овој не ги задоволи крвожедните апетити. А нека спреми и трет за секој случај.“, пишува @ribaro
Вчера во текстот од Владата за објава на листите, категорично ги отфрлија сите дезинформации дека наводно исти лица биле вработени во Владата и во исто време добивале хонорар. Оттаму велат дека тоа не е точно, бидејќи е недозволиво вработени во Владата да бидат и хонорарно ангажирани од Владата.
„Исто така, ги отфрламе и како неточни и информациите дека станува збор за луѓе кои биле платени да споделуваат постови на „Фејсбук“ или „Твитер.“ Тоа е лага измислена и раширена токму од оние центри кои користат „ботовски” системи за ширење лажни вести, а Владата е противник на таквото нечесно манипулирање со граѓаните.“, известија од Владата.
Јане Ѓорѓиоски