ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Новата образовна програма Еразмус+ 2021-2027 со двојно зголемен буџет и многу можности

April 13, 2021 14:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Седумгодишната образовна програма на Европската Унија „Еразмус +  (2021-2027)“  е официјално објавена. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) соопшти дека Програмата е со историски највисок буџет досега, 28,4 милијарди евра на европско ниво и предвидува повеќе од 10 милиони учесници.

НАЕОПМ соопшти дека Буџетот на Програмата е направен од основните 24,574 милијарди евра, како дел од новиот MFF (2021-2027) и надополнување од 1,7 милијарди евра. На веб-страницата на Агенцијата се достапни сите информации кои се однесуваат на повикот за учество во Еразмус+, вклучително начинот на распределба на буџетските средства, како и насоки за креирање успешна апликација.

Во видеообраќања по повод седумгодишната европска образовна програма и можностите што ги нуди се осврнаа амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир и директорот на НАЕОПМ, Марко Ѓоргиевски.

Евроамбасадорот Гир изјави дека „Еразмус+ ќе продолжи да им нуди на студентите, наставниците, учениците и претпријатијата можности да учат, работат и да учествуваат во програми за практиканство и размени низ цела Европа, зајакнувајќи го нивното знаење и искуство во меѓународното опкружување со други студенти од цела Европа додека осознаваат нови култури.

– Особено ми е драго да соопштам дека пакетот Еразмус+ за 2021- 2027 ќе вклучи повеќе учесници, има значително зголемување на финансирањето и има сè повеќе фокус на некои од главните предизвици со кои се соочуваме денес. Зелените и дигиталните транзиции, социјалното вклучување и поголемо учество на младите во демократскиот живот, рече Гир.

Тој ги наведе достигнувањата на Еразмус+ во Северна Македонија, посочувајќи дека само во 2019 година околу 2200 учесници имаа корист од проектите Еразмус+ во вредност од 4,3 милиони евра за мобилност во високото образование, стручно оспособување, училишно образование, учење на возрасни.

Во 2019 година, 91 организација имале корист од 2,4 милиони евра – проекти во рамки на компонентите од програмата за Стратешки партнерства – дизајнирани да промовираат размена на иновативни практики помеѓу училиштата, универзитетите, јавните институции и претпријатијата.

– Сега, како што знаете, во Северна Македонија Еразмус+ работи рамноправно со земји членки на ЕУ, изјави амбасадорот на ЕУ во земјава.

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски истакна дека негова одговорност и лична заложба е да се воспостави редовна комуникација со јавноста и, како што рече, да го прикажеме јасно начинот на кој работи оваа институција.

– Само на овој начин ќе ја добиеме довербата на нови корисници и ќе овозможиме Еразмус семејството во Северна Македонија да продолжи да расте. А со својот раст да придонесе за развој на нашите млади, вистински и трајни позитивни промени во образованието, рече Ѓоргиевски во видеообраќањето по повод официјалното објавување на новата програма Еразмус+ за периодот 2021-2027.

извор: МИА

Next Post
ФОТО: МИА

Онлајн-изложба „Еклектични изохипси“ во Тетово

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Војната со Иран се префрла на море: Шест бродови погодени во Персискиот Залив – расте ризикот за светската нафта

March 12, 2026

СДСМ: Срамна изјава на Мицкоски – ги нарече хистерични работниците кои бараат 600 евра плата

March 12, 2026
Илустрација Фронтлајн

Зошто Лавот сака да блесне – храброста да се биде виден

March 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Meta ја купи Moltbook – социјалната мрежа за AI ботови за која сите зборуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина актерот Кирил Поп Христов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 11 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk