Владата секогаш е отворена за дијалог и во рамки на Економско-социјалниот дијалог се отвараат прашања и заеднички се носат одлуки. Владата во изминатата година уште од првиот пакет мерки за поддршка на економијата за справување со последиците од пандемијата, како најголем приоритет го имаше зачувување на работните места, а мерките кои беа донесени беа во таа насока, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во Топ Тема на Телма телевизија.
Министерот потенцираше дека Буџетот е ликвиден има средства да се да се реалзиираат најавените мерки, би имало и за дополнителни мерки ако е потребно.
“Да ги немавме овие мерки од првите четири сета минатата година од 860 милиони евра директна поддршка, ќе имавме пад на БДП од 8,7%. Замислете тогаш колку изгубени работни места ќе имавме и колку компании ќе ги изгубеа нивните пазри и ќе беа затворени. Оваа година имаме зголемување на приходите во буџетот по секоја ставка што се однесува до даноци, данок на личен доход, ддв и слично и тоа покажува дека Буџетот ќе биде ликвиден и ќе може да ги заврши обврските“ кажа министерот.