ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

УНФПА: Само 71 процент од државите гарантираат пристап до целокупна здравствена заштита за мајките

April 14, 2021 12:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Извештајот на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА за Состојбата на светското население за 2021 година, објавен денеска, се наведува дека на речиси половина од жените во 57 држави во развој им се негира правото да одлучуваат дали да бараат здравствена заштита, дали да имаат сексуални односи со своите партнери или да користат контрацепција.

Како што соопштија од Канцеларијата на УНФПА во Скопје, првпат еден извештај на Обединетите нации се фокусира на телесната автономија.

– Моќта и можноста самите да правите избори за вашето тело, без притоа да имате страв од насилство или некој друг да одлучува за вас. Недостигот на телесна автономија има големи последици врз жените и девојчињата, што ги надминуваат дури и најсериозните повреди преку: потенцијално намалување на економската продуктивност, намалување на ефективноста на нивните вештини, како и со воведување дополнителни трошоци за здравствената заштита и судските системи, велат од УНФПА.

Преку овој извештај УНФПА, ја мери моќта на жените да донесуваат одлуки за своите тела, како и степенот до кој законите на државите го поддржуваат или се мешаат во правото на жената да ги носи овие одлуки.

Податоците укажуваат на постоење силна врска помеѓу моќта на донесување одлуки и повисоките нивоа на образование.

Извештајот покажува дека во државите каде што се достапни податоци само 55 проценти од жените поседуваат целосна моќ да прават сопствени избори од аспект на здравствената заштита, контрацепцијата, како и да може да одбијат сексуални односи.

– Само 71 процент од државите гарантираат пристап до целокупна здравствена заштита за мајките. Само 75 проценти од државите усвоиле легална рамка со која се обезбедува целосен, еднаков пристап до контрацептивни средства. Само околу 80 проценти од државите усвоиле закони за поддршка на сексуалното здравје и благосостојба.  Само околу 56 проценти од државите усвоиле закони и политики кои го поддржуваат сеопфатното сексуално образование, се вели во извештајот на УНФПА.

– Фактот што речиси половина од жените сè уште не можат сами да одлучуваат за тоа дали да имаат или немаат сексуални односи, дали да користат контрацепција или да бараат здравствена заштита, треба да нè налути сите, вели извршната директорка на УНФПА, Наталија Канем.

извор: МИА

Next Post

Орданоски: Шарената револуција го постигна тоа што го сакаше токму поради нејзината децентрализираност

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Фото: ЗОО Скопје

Дефинитивно е волк: ЗОО Скопје ги потврди сомнежите по фаќањето на животното во Козле

May 13, 2026

ВОЛК ЗАЛОВЕН ВО СКОПСКА НАСЕЛБА: Бил чуван незаконски со ремче и ланец

May 13, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 13 мај 2026: Врвен моментум и незапирлива акција

May 13, 2026

Филипче: Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

May 12, 2026

Димитријевиќ: На Мицкоски му одговара да ја држи државата изолирана, за да продолжи да го краде народот

May 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk