ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија контаминираната почва од кругот на ОХИС

April 14, 2021 14:32
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката ОХИС. Од малата депонија до почетокот на наредната година до колку дозволат условите со пандемијата, би се отстраниле првите количини од 700 тони контаминирана почва.

Ова како што информира портпаролот на Владата Душко Арсовски го предвидува планот за ремедијација на локацијата во фабриката, кој започнува со денешното издавање дозволи од министерот за животна средина.

-Со издавањето на ова решение денеска од  министерот за животна средина почнува имплементацијата практично на планот за ремедијација. Во постапката за издавање на две дозволи за извоз на опасен отпад од страна на Министерството согласно Базелската конвенција, во Франција ќе се извезе линдан, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката. Според временската рамка предвидено е процесот на отстранување на делот од малата депонија да заврши до почетокот на наредната година до колку дозволат условите со пандемијата при што би се отстраниле првите количини, тоа се 700 тони контаминирана почва, изјави портпаролт Арсовски на новинарско прашање кога ќе започне процесот на отстранување на линданот од фабриката. 

Арсовски и колегата Муамет Хоџа на денешната прес – конференција информираа дека Владата вчера на 65-тата седница го одобри планот за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“- Скопје и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе Решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на фабриката.

Ова решение, како што информираа од владината прес-служба, следува откако UNIDO, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН го информираше Министерството за животна средина дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco“ е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС“- Скопје.

На прашањето зошто Владата не ги објави авторските трудови на хонорарците на Петрит Сарачини, Ивана Митрова, Ибраимовски, Арсовски истакна дека сите хонорарно ангажирани лица од страна на Владата имаат авторски договори на определен рок за точно утврдени цели и задачи.

-Владата транспарентно ги објави сите овие податоци како стандард што до сега го немало во СМ. Точно се знае за што Владата анагажира физички лица надвор од редот на вработените. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост. Квалитетот на извршувањето на задолженијата  го оценува Владата. Делата, трудовите и анализите кои се подготвени од соработниците непречено ги користат службите во Владата и институциите при реализацијата на различни проекти од интерес на граѓаните, рече Арсовски. 

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Шестмина членови на криминалната група Грчец добија затворска казна од вкупно 50 и пол години

July 15, 2025

Патувачкото кино на „МакеДокс“ од денеска во Кочани

July 15, 2025

ЛШ квалификации: Шкендија вечерва го пречекува ТНС

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска сите државни институции можат да дојдат до возилата кои што се привремено или трајно одземени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk