ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОН: Објавени огласите за автори и илустратори на материјали за учење, продолжуваме посветено да работиме на реформите во образованието

April 14, 2021 14:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука продолжува посветено и силно да работи на реформските процеси во основното образование кои ќе се имплементираат со воведување на нова концепција во прво и четврто одделение од септември годинава. За таа цел веќе се објавени огласите за изработка на материјали за учење и за ликовни илустратори односно графички дизајнери за изработка на детски илустрации со што практично почнува подготовката на материјалите од кои ќе учат првооделенците од учебната 2021/2022.

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, како носител на процесот, очекуваат и повикуваат на огласите да се јават искусни практичари кои ќе понудат креативни материјали и илустрации соодветни на возраста на учениците и на барањата за постигнување на резултатите од учење определени во секоја тема од наставните програми.

Сите содржини во материјалите за учење треба да се базирани на современи, научно засновани и релевантни сознанија, а сите примери и активности да бидат креирани на начин да се интересни за учениците и да се во релација со нивните искуства. Исто така, ликовните илустратори/графичките дизајнери треба да соработуваат со авторите тимови кои ќе работат на подготовка на материјали за учење, со што ќе се овозможи нивна квалитетна визуелизација, што е значајно за учениците од прво одделение.

Наставните материјали со текстуалната и визуелната содржина, треба да овозможат совладување на основните вештини по одделните наставни предмети. Основната цел на новата концепција е во фокусот на образованието да бидат учениците, односно преку квалитетна настава кај децата да се развие критичко размислување, креативност и граѓански вредности.

Наставните материјали се изготвуваат согласно наставните програми за прво одделение, кои се усогласени со Концепцијата за основно образование и со сите стратегии и пристапи на настава и учење коишто се промовираат со неа.

Огласот за автори/авторски тимови може да го погледнете на следниот линк, додека огласот за илустратори/графички дизајнери тука.

Next Post

Петтиот пакет антикризни мерки одобрен на Комисијата за финансирање, ќе се аплицира до 30 април

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk