ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шаќири: До крајот на јуни ќе бидат достапни уште 30 нови дигитални услуги

April 15, 2021 12:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Порталот e-uslugi.gov.mk се надградува со многу нови дигитални услуги кои за граѓаните ги обезбедуваат институциите. До крајот на јуни ќе бидат достапни 30 нови, а Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) месечно ќе ги промовира сите што се воведени.

Министерот Јетон Шаќири соопшти дека во соработка со Министерството за внатрешни работи набргу ќе бидат достапни 24 нови услуги поврзани со замена и издавање на лични карти, пасоши и возачки дозволи.

-Бројот на услуги за граѓаните и за компаниите значително ќе се зголеми преку ИПА-проектот за е-Влада кој е почнат и со чија реализација ќе се развијат нови 135 услуги, а исто така ќе се дигитализираат и регистрите потребни за развој на овие услуги. Ја зголемивме нашата поддршка за сите други институции да бидат вклучени во овој процес. Комуницираме со сите министерства и дирекции во земјава и имаме полдни резултати, рече Шаќири на онлајн-конференцијата на која Центарот за управување со промени (ЦУП) ги презентираше електронските услуги изработени во соработка со МОН и МИОА во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“.

Проектот е финансиран од Владата на Обединето Кралство и поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Шаќири соопшти дека ќе се интензивира соработката со МОН за креирање и достапност на уште повеќе е-услуги на националниот портал e-uslugi.gov.mk. МИОА е во комуникација и со МНР и технички го поддржува за создавање е-конзулат, како и со МВР со цел во следните неколку недели да се обезбедат директно услугите за барањата за лични карти, пасоши, уверенија за државјанство и други лични документи, а почнати се разговори и со Град Скопје зашто целта е да се вклучат и локалните самоуправи во процесот на дигитализација на услугите.

– Дигитализацијата веќе не е опција туку обврска зашто сме во нова ера и затоа е должност на сите да обезбедиме дигитализација на услуги што ги обезбедуваат институциите, рече министерот Шаќири.

Неда Малеска од Центарот управување со промени (ЦУП) информираше дека на националниот портал има околу 150 електронски услуги, но кога ќе дојде моментот дали се добиваат целосно дигитално или се во некоја фаза од дигитализирање според ЕУ-критериумите, оценката на искористеноста е прилично ниска.

-Значи, ние иамме ускуги на ниво на информирање и услуги на ниво на аплицирање, но не и услуги кои ги добивате во целосно дигитална форма. Одличен потег е најавата дека во наредниот период ќе има повеќе услуги што ќе се дигитализираат и дека ќе има мобилни аликации за нив, со што ќе се подобри и овој сегмент, особено во најфреквенците услуги за граѓаните – оние што ги нуди Управата за водење матична евиденција. Доколку тука не се направи повеќе во однос на дигитализацијата, сите други услуги кои се неминовно поврзани со административните процедури, ќе биде потешко да се добијат, рече Малеска.

За важноста на дигитализацијата говореше и заменик-амбасадорот на Велика Британија во земјава Доминик Отвеј, според кого предностите на онлајн-услугите се во тоа што се заштедува време, зашто се добиваат веднаш, а се исклучува и можноста за корупција и намерни или ненамерни грешки.

-Дигитализација е и поттик за иновација. Сведоци сме како поради пандемијата лани се премина онлајн и увидовме кои се придобивките. Во образованието тоа ќе значи подобрување на животот на учениците и студентите зашто биротактските процедури одземаат време и доверба. Со дигитализацијата се стимулира и економијата и вештините и затоа сите треба да бидат во можност да ја прифатат дигитализацијата, додаде Отвеј на конференцијата за презентација на електронските услуги изработени во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“.

извор: МИА

Next Post

Динамиката на имунизација согласно расположивоста на вакцини, најголем притисок се очекува пред летните одмори

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk