Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на меѓународниот проект CAN(Comic alliance Networking) FOR BALKANS- финансиран од страна на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА’-подпрогама за култура на Европската Унија.
Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на историјата во округот Брашов-Романија, а освен Македонскиот стрип центар, партнери во овој проект се: Белгискиот стрип центар од Брисел, потоа Стрип училиштето „Никола Митровиќ Кокан“ од Лесковац,Србија, како и Државниот историски музеј од Тирана ,Албанија.
Како што информира Томе Трајков,програм координатор од СЦМ-Велес,.основа на овој проект е историскиот стрип во наведените земји и додава дека како додадена важност во две насоки се: афирмирање на социјалната примена на стрипот (во овој случај националната историја) како и меѓународната размена и соработка
–Благодарни сме што нашата земја е дел од овој проект .Истиот претставува континуитет на нашата меѓународна соработка со сите партнерски земји, потенцира Трајков.
Тој појаснува дека ,активностите од овој проект се сведуваат на: истражувачки активности на тема историскиот стрип, меѓународен тематски стрип конкурс од областа на историските јунаци ,којшто ке се објави наесен 2021 горганизирање на неколкудневни тематски настани и изложби во опфатените земји со посетеност од преку 50 стрип автори. Во земјава таков настан ќе се организира во крајот на месец август во Велес.
-Не криеме дека еден од бенефитите е токму логистичката поддршка на организациите – партнери и стимул за професионална работа во интерес на развојот на ,светски познатата девета уметност кај нас-стрипот, потенцира Трајков.
извор: МИА