ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

АХВ: Со италијански искуства ќе се спречуваат и измамите со храна, Кривичниот закон клучен во борбата

April 17, 2021 13:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Италијанскиот Кривичен закон претставува основа за спроведување на истрагите кои во делот на храната се насочени кон заштита на здравјето на потрошувачите и спречување на нарушувања на интегритетот на пазарот со храна.

Ова денеска го презентирал Кристријано Лонго од Италија на обуката за спречувањето на измами со храна, која виртуелно се одржала во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи”, кој со италијанските партнери, се реализира со финансика поддршка на Европската унија.

Лонго, кој е лидер на проектот, акцент ва обуката ставил, на презентирање на предложениот план за зајакнување на капацитетите за истраги во однос на измамите со храна. Тој, како што соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство, ги образложил принципите за контрола на електронската продажба на храна, согласно италијанските искуства во оваа област.

Директорот на АХВ Николче Бабовски на обуката потенцирал дека спречувањето на измамите со храна се основа за зголемување на ефективноста и ефикасноста и на нашата институција.

-Преку размена на искуства од областа на спречувањето на измамите со храна ќе ги прошириме знаењата од оваа област која и во европски и светски рамки станува се поактуелна, од економски, но и од аспект на заштита на здравјето на потрошувачите. Спречувањето на измамите со храна се основа за зголемување на ефективноста и ефикасноста и на нашата институција, чиј приоритет покрај заштитата на здравјето на потрошувачите, преку контрлите е и спречувањето на нелојална конкуренција и зајакнување на економијата во целина, истакна во обраќањето директорот Бабовски.

Потврда дека како институција и во оваа област сме на вистинскиот пат, додаде тој, е акцијата ОПСОН 9 на ИНТЕРПОЛ и Еуропол, во која Република Северна Македонија, преку инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство учествуваше заедно со уште 82 држави. Во акцијата, која се спроведе од декември 2019 до јуни 2020 година, акцент беше ставен на спречување на трговијата со фалсификувана и неквалитетна храна и пијалаци.

-Новите знаења за справување со измамите со храна, ќе бидат добра основа за имплементирање на веќе потврдените успешни европски практики во спречувањето на измамите со храна и од страна на нашите инспекциски служби и Одделението за заштита од измами со храна во рамки на АХВ, потенцира Бабовски.

На обуката учествивале шеесеттина претставници, од инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство како носител на проектот, од Царинската управа, Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Италијанскиот проектен експерт Гаетана Фери на обуката го презентираше системот на организација на контрола на измамите со храна, координинацијата и комуникацијата на сите вклучени институции во рамки на активностите, кои во Италија, како носител, ги презема воено полициската организација NAS Carabinieri, основана пред шеесеттина години за да ги заштити животот и здравјето на граѓаните. Како што истакна Фери, оваа организација функционира во рамки на Министерствопто за здравство и при спроведувањето на истрагите има тесна соработка и со останатите државни институции од различни области, како и со судовите и Јавното обвинителство.

За активностите на NAS Carabinieri во спроведувањето и на истрагите за измами со храна и заштитата на здравјето на граѓаните, за техниките кои се користат од нивна страна при истрагите и за досегашните регултати од спроведените официјални контроли во Република Италија, на обуката говореше проектниот експерт Емилио Палмиери. Тој рече дека италијанскиот кривичен закон претставува основа за спроведување на истрагите кои во делот на храната се насочени кон заштита на здравјето на потрошувачите и спречување на нарушувања на интегритетот на пазарот со храна.

Кристријано Лонго, лидер на проектот, акцент ва обуката стави на презентирање на предложениот план за зајакнување на капацитетите за истраги во однос на измамите со храна. Тој ги образложи принципите за контрола на електронската продажба на храна, согласно италијанските искуства во оваа област.

извор: МИА

Next Post

Принц Филип ќе биде погребан денеска, со церемонија која сам ја испланирал

Shortcut

Најново

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk