ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Кумановката Матеја Ефремовска не се штеди себе си и вложува во атлетиката

April 17, 2021 10:16
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Атлетиката е врвен приоритет за младата кумановка Матеја Ефремовска. Таа е државен шампион во повеќе дисциплини, македонска репрезентативка и вљубеничка во спорот. Атлетика тренира веќе 13 години. Дневно на атлетскиот полигон во близина на Соколана, Куманово, поминува од три до четири часа, некогаш и два пати дневно во зависност од временските услови. Не се штеди себе си и се вложува во атлетиката, за што има освоено награди и признанија на државно и меѓународно ниво.

– Од малечка имам љубов кон спортот, а бев натпреварувачки настроена со голема желба за победување. Потоа дојде мотивацијата за постигнување лични и државни рекорди, а денес најголема мотивација ми е одличен настап за атлетската репрезентација и претставување на Македонија во најдобро светло,вели Ефремовска за МИА.

За неа атлетиката е приоритет. И покрај редовните обврски како студент во Кина, таа секојдневно тренира колку и да се чувствува изморено никогаш не пропушта тренинг. Покрај дневните вежбања, дополнително одвојува најмалку еден час за одредени вежби за истегнување, техники за регенерација.

– Тренирав повеќебој на почетокот и тоа ми даде можност да се усовршам и да се натпреварувам во повеќе дисциплини. Бев повеќекратен младински првак во скок во височина, скок во далечина, трискок, 100 м пречки, но и во фрлање ѓуле и фрлање диск. Во овие дисциплини имам учество на балкански првенства со репрезентацијата. Подоцна се фокусирав на фрлање диск каде сум државен првак шест години по ред, без ниту еден пораз, во оваа дисциплина сум и младински и сениорски рекордер. Од минатата година повторно се натпреварувам во скок во далечина, покрај трискок и во овие две дисциплини сум државен шампион. Исто така во трискок сум седум години без пораз, вели Матеја.

Таа учествувала и на европските олимписки игри, што за неа е незаборавно, непроценливо искуство. За таков момент, додава таа, вредат вложувањата и жртвите.

– Моментот кога ќе излезеш на таков грандиозен стадион пред илјадници луѓе и сите ти ракоплескаат е незаменливо, раскажува Ефремовска. За неа најголеми успеси се државните рекорди, во трискок е младински рекордер, а во диск младински и сениорски рекордер.

– Ако треба да издвојам еден успех тоа е соборувањето на државниот рекорд кој беше 40 години стар. Бидејќи имам тренирано повеќе дисциплини, сите ги сакам на некој начин, но најмногу дисциплините скок во далечина и трискок, вели атлетичарката.

Дваесет и петгодишната кумановка е државен првак во повеќе дисциплини и возрасни категории. Настапувала во репрезентацијата во осум дисциплини, на меѓународните натпревари како член на репрезентацијата од 2011 во различни возрасни категории, на балкански првенства, на европски куп, на европски олимписки игри во Баку. И на меѓународните натпревари освојувала награди и медали.

Изразува жалење што не се одржува повеќебој кај нас, бидејќи вели бев успешна во повеќе дисциплини.

Таа е член на Атлетски клуб Куманово каде тренира од почетокот со тренерот Филип Колевски. Во Куманово со изградбата на ателетската патека има услови за развој на атлетиката, но како што вели Ефремовска во ниту една сала во државата нема атлетска патека.

Вежбите ги комбинира со здрава исхрана која се базира на високо ниво протеини, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и одредена количина здрави масти. За неа, вели пресуден е здравиот начин на исхрана што и дава енергија за вежбање и тренинг.

Оваа млада студентка која претходно го усовршила кинескиот јазик, запишала студии-бизнис насока, но поради пандемијата сега ја следи наставата онлајн. И таму вежбала, иако признава дека и бил исцрпувачки период поради многубројните обврски на факултетот. Таа ќе продолжи да се усовршува и да постигнува врвни резултати во атлетиката.

Next Post

Анкета: Фајзер и Спутник-В најпреферирани вакцини, 57,7 проценти од граѓаните пројавиле интерес за имунизација

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk