ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Три успешни трансплантации од починат донор направени на клиниките за кардиохиругија и урологија

April 17, 2021 18:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Успешно е завршена и трансплантацијата на вториот бубрег кај 40-годишен пациент. Донор е 20-годишната Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство одлучи да ги донира органите.

Во текот на ноќта и претпладнево успешно беа завршени трансплантацијата на срце кај 22 годишено момче, трансплантацијата на првиот бубрег кај 27-годишен пациент, а за првпат во историјата на македонското здравство е извршена и експлантација на коски и коскени ткива од починат донор кои од понеделник ќе бидат аплицирани кај пациенти.

Ова е втора трансплантација на срце извршена од починат донор во земјава. Трансплантацијата е направена од тимови од Државната клиника за кардиохирургија и од Клиниката „Жан Митрев“.

Сочувство до семејството на донорот денеска изрази таткото на 22-годишното момче Иле Стрезовски, на кое во раните утрински часови му беше трансплантираното срцето од 20-годишната Белчовска.

– Мојот син успеа преку нејзините родители да добие срце. На мојот син му го продолжи животот. Тој боледуваше од јануари од слабо срце. Разговаравме со синот добро се чувствува, се е супер. Голема благодарност до целиот тим на Кардиохирургија на чело со доктор Сашко Јовев и голема благодарност до министерот Венко Филипче, изјави Стрезовски.

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека трансплантацијата на срцето поминала добро и оти целокупниот оперативен процес поминал без никакви проблеми. Пациентот, како што изјави Филипче, се чувствува добро и сите параметри се добри.

– Сакам да изразам благодарност и да честитам на сите членови на тимот кои работеа до раните утрински часови. Бубрезите ги добија уште еден 27 и 40-годишен пациент, а за следната недела се планира имплантација на дел од коскениот систем кај пациенти кои страдаат од малигни болести и дел од коските се зафатени со метастаза, изјави Филипче.

Изрази благодарност до семејството на Белчовска кое во овие за нив тешки моменти, сепак се одлучиле на хуман гест да ги донираат органите.

– Нејзиното семејство и покрај тоа што беа во шок и неверување сепак собраа сила и храброст и се согласија да се донираат нејзините органи за што сакам да им изразам бескрајна благодарност. Направивме организација по принципот на организација на која се направи првата трансплантација на срце минатата година. Се направија мултидисциплинарните тимови и се експлантираа срцето, двата бубрези, и за првпат во нашата земја дел од коскениот систем, рече Филипче.

Директорот на Клиниката на урологија Сашо Дохчев изјави дека бубрегот трансплантиран кај 40-годишниот пациент бил помал со три артерии, што е реткост но, како што кажа, направиле се што е потребно и добро е тоа што бубрезите профункционирале.

– Анастомозите на артериите на бубрезите со три артерии се практично неможни за трансплантација. Но се потрудивме, успеавме и тоа да го направиме со тешки маки, меѓутоа успеавме. Веќе бубрезите промокрија за време на операцијата што е некој знак дека и во иднина ќе биде добро со диурезата, рече д-р Дохчев.

Националниот координатор за трансплантација доктор Маја Мојсова-Мијовска верува дека земјава е на добар пат да направи етаблирана програма.

– Вверувајте тешко е, не можам да кажам дека се уште имаме систем, но сме на добар пат да направиме систем и тоа мене многу ме радува како успех и како моја визија за трансплантацијата во земјава, изјави Мојсова-Мијовска.

извор: МИА

Next Post

Денеска се регистрирани 824 нови случаи на Ковид 19

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk