Институтот за Северна Македонија посочува дека нивото на активноста како пред кризата ќе се достигне во почетокот на 2022-ра година. Се предвидува дека С. Македонија годинава ќе оствари раст на домашниот бруто-производ од 4,1 отсто.
Од Виенскиот економски институт велат дека подобрувањето ќе дојде како резултат на владината фискална политика. Нивото на активноста пред кризата ќе се достигне на почетокот на 2022 година, а потоа, кога ќе се достигне нултата точка по две изгубени години, старите структурни предизвици ќе дојдат до израз, се вели во најновите економски предвидувања и анализи за Северна Македонија во публикацијата насловена „Најтемно пред зората“.
Виенскиот институт наведува дека во 23 земји од регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа (CESEE), просечниот пондериран реален БДП падна за 2,3 отсто во 2020 година, само околу една третина од падот на еврозоната за истиот период.
Исто така, успешната вакцинација се очекува да придонесе за стабилизација на економијата.