Не стивнуваат реакциите после вулгарната закана на пратеникот од Левица, Димират Апасиев, кон пратеничката од СДСМ.
Нина Меловска во својата фејсбук објава вели дека со овој статус Апасиев само укажува на тоа колку неговите одлуки и чекори се водени од омраза, огорченост и пристрасност.
„Не знам за вас, ама јас не сакам да ми ја води државата политичар кој, наместо конструктивно да му пристапи на проблемот и со разум и логичко расудување што се очекува од еден државен службеник да ѝ се обрати на јавноста, одлучува вака да се изрази. Со овој статус, Апасиев само укажува на тоа колку неговите одлуки и чекори се водени од омраза, огорченост и пристрасност. Таков државен службеник никому не му е потребен, ниту пак може нешто да направи за државата.
А, да, и – СТОП ЗА АЛБАНОФОБИЈА!!! Кога, побогу, ќе сфатиме дека сите заедно тонеме (или сите заедно можеме да процветаме)!!!“, реагира Нина Меловска