ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ивановски: Уставниот суд веќе одлучувал по иницијативата за Законот за банки, евентуално би можел да се произнесе само по новите елементи

April 20, 2021 16:45
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд веќе се произнел дека нема повреда на Уставот во однос на Законот за банки, со што според поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, оваа работа е пресудена и новата иницијатива по истиот предмет би требало да биде отфрлена, освен доколку има некои нови елементи по кои Судот би требало да се произнесе.

– Сега по истиот предмет има нова иницијатива, која би требало да се отфрли, бидејќи е решавано по тој предмет. Доколку пак има некои нови елементи во иницијативата, кои  што се различни од претходната иницијатива, Судот можеби ќе треба да се произнесе, но само по новите елементи. Имајќи предвид дека тогаш кога е решавано по првиот предмет Судот ја отфрлил иницијативата, бидејќи нема повреда на Уставот, оваа работа е пресудена, вели Ивановски.

Според него, истиот состав на Судот за исти прашања за кои веќе се произнел, нема потреба повторно да се произнесува и дотолку повеќе што не повел постапка, по иницијативата.

Од Уставниот суд за МИА, потврдија дека денеска го добиле мислењето од Антикорупциската комисија, според кое нема судир на интереси кај уставните судии да гласаат по иницијативата за член 163, став 3 од Законот за банки, поднесена од оштетените штедачи од Еуростандард банка.

Иницијатива до Антикорупциската комисија да провери, дали кај некој уставен судија има судир на интереси кој би можел да влијае на одлуката за нивното гласање, ја покрена претседателот на Уставниот суд Сали Мурати и се однесуваше за сите уставни судии, вклучително и за него, а не само за одредени.

Иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, Уставниот суд ја разгледа на продолжението на 9-тата седница, на 15 април, откако на двапати седницата беше одложувана, на 25 март и на 7 април.

Во пресрет на последната седница, пред зградата на Уставниот суд, Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард Банка „Правда за штедачи“, одржа протест на кој повика Уставниот суд да ја укине како неуставна одредбата со која Фондот за осигурување на депозити е утврден како доверител со приоритетно право за наплата во однос на сите други доверители во случај на стечај на банка.

извор: МИА

Next Post

Бесими: Шестиот пакет мерки уште една потврда на Владата за поддршка и стимулирање на економијата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk