ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Шестиот пакет мерки уште една потврда на Владата за поддршка и стимулирање на економијата

April 20, 2021 16:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шестиот пакет на антикризни мерки уште еднаш е потврда дека експлицитноста на Владата во однос на поддршка и стимулирање на стопанството и економските активности за време на пандемијата е во чекор со потребите, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната заедничка прес-конференција во Владата на која беа презентирани мерките од шестиот пакет антикризни мерки.

Според министерот, важно е што последните пакети кои ги донесе Владата покрај кризната поддршка, имаат и развоен карактер, како што беше и петтиот пакетна мерки, исто така и овој шестиот пакет на мерки кој помина на Влада на денешната седница. 

Тој посочи на позитивните трендови во првиот квартал, наведувајќи дека сепак предизвиците останувааат.

Бесими рече дека заклучно со 15 април приходите се повисоки во однос на лани за 7,8 проценти, придонесите во овој период се за 8,7 проценти повисоки во однос на минатата година, висок раст е забележан и кај даноците за 11,6 отсто и придонесите за 4,7 отсто, извозот во првите два месеца има номинален раст од 9,8 отсто, увозот номинален раст за 4,4 проценти, што, според него, укажува на динамизирање на економска активност, но сепак побрзиот раст на извозот предизвика намалување на дефицитот во споредба со истиот период за 11 проценти. 

Тој додаде дека искористеноста на производствените капацитети исто така растат со 71 отсто искористеност во февруари што е на ниво од преткризниот период и посочи на податоци на внатрешна трговија, просечната плата, кредитирањето и депозитите. 

– Согласно ова во оваа фаза остануваат проекциите за оваа година да забележиме позитивен економски резултат, односнот раст на БДП и покрај предизвиците до колку проекциите се остваруваат како што ги гледаме бројките во економијата. Покрај овие позитивни бројки остануваме посветени на поддршка на економијата со мерки, а тоа е шестиот пакет на мерки, рече Бесими.

Тој информира за двете мерки што ќе се реализираат преку Развојната банка, кои ги образложи директорот на банката.  

Едната мерка, како што рече, е за подршка на ликвидноста за компаниите кои реинвестираат добивката  во 2020 година. Спчоред министерот идејата е да се поддржи реинвестираната добивка за ликвидносни цел. 

Втората мерка кредитната линија за поддршка на деловните субјекти од областа на емитување на радио и телевизиски програми со цел намалување на последиците од коронавирусот. 

– Сметаме дека овие мерки ќе придонесат во реализирањето на целта на шестиот пакет на мерки, а тоа е поттикнување на ликвидноста на стопанството, поддршка на компаниите кои ќе инвестираат годинава и ќе делуваат на забрзување на економскиот раст, како и во насока на поддршка на дејностите кои беа целосно затворени во третиот бран на кризата, рече Бесими. 

извор: МИА

Next Post

Бектеши: Над 10 милиони евра за поддршка на туристичко угостителскиот сектор

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk