ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Дерек Шовин прогласен виновен по трите обвиненија за смртта на Џорџ Флојд

April 21, 2021 10:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, е прогласен за виновен по сите три обвиненија за смртта на Џорџ Флојд. Одлуката  на поротниците, донесена синоќа, е дека Шовин е виновен за убиство од втор степен, убиство од прв степен, и предизвикување смрт од небрежност. 

Откако во понеделникот беа дадени завршните зборови, поротата составена од 12 членови, пред да ја донесе конечната одлука, вчера се консултираше четири часа, кога се разгледуваа исказите на 45-те сведоци, влучувајќи ги и случајните минувачи, полицајци, експерти. За пресудата да биде валидна, требаше едногласна потврда од сите членови. 

Според судските протоколи, во составот на поротата се четири бели жени, двајца бели мажи, четворица Афроамериканци – тројца мажи и една жена, и две жени од мешано етничко потекло. Судот вети дека ќе ги чува нивните имиња во тајност се до изрекување на пресудата. 

Шовин, кој се бранеше од слобода, по изрекувањето на пресудата, му беше укината кауцијата и беше одведен во затвор. Тој се соочува со 12 и пол години затвор, затоа што претходно не е осудуван. Меѓутоа, обвинителството може да побара казна затвор подолга од 40 години, доколку окружниот судија Питер Кејхил утврди дека имало „отежнувачки околности“

Со обелоденувањето на висината на затворската казна, властите стравуваат од растечка напнатост во повеќе метрополи, каде има зголемени полициски мерки.

Претседателот Џо Бајден телефонски им се јави на роднините на Флојд  и им кажа дека пресудата одбележува „момент на значајна промена“. 

-Имаме шанса да го смениме правецот на оваа земја, изјави тој синоќа. 

Се предвидува дека строга казна за еден полицаец ќе биде судски преседан во напорите да се намали полициското насилство за време на задржувања, посебно насочено против афроамериканското население во САД. Во безборој слични инциденти на смрт при задржување во минатото, полицајците вообичаено беа ослободувани од вина.    

За време на завршните зборови во судницата, обвинителите го обвинија белиот полицаец Шовин дека го убил Афроамериканецот Флојд со тоа што со коленото го притискал врз вратот, повеќе од девет минути, додека го приведувале. Одбраната на Шовин се произнесе дека Флојд починал делумно од користење на дрога и оти полицаецот ги користел методите за приведување, согласно полициската обука. Поранешниот полицаец се изјасни дека не е виновен. 

Флојд бил осомничен дека се обидел да плати со лажна банкнота од 20 долари во продавница од соседството. Сопственикот на продавнцита пове ќепати досега изјави дека се кае што го пријавил Флојд, постапка што предизвика ланец од немили настани кои прераснаа во масовни протести и активно граѓанско движење против расизмот, во САД и во многу други земји. 

Next Post

Барањето за исплата на плати за февруари и март поставено на платформата на УЈП, работодавачите до 30 април да го поднесат на е-даноци

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk