Доколку граѓаните сметаат и имаат волја да ја примат втората доза на вакцината на „Астра Зенека“ тоа може да го сторат во соседна Србија. Ние не препорачуваме да се прими ревакцина од вакцината „Астра Зенека“ кај сите кои имаат возраст помала од 60 години, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски попладнево е спроведен во затворот во Шуто Оризари. Директорот на затворот Филип Андонов во изјава за МИА вели дека Рашковски согласно протоколите за заштита од Ковид-19, ќе биде сам во ќелија десетина дена.
Во првата половина на мај делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, во која ќе биде и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе бидат во Грција каде што ќе го потпишат финалниот договор за преземање на обврски од страна на двете држави за започнување со изградба на интерконекторот во јужниот дел на нашата држава
Македонскиот главен град на своите жители, сега за сега, може да им понуди „лондонски“ и други автобуси како понуда во јавниот превоз. Денес беше најавена изградбата на т.н. „Bus Rapid Transport“, а градските власти уверуваат дека со реализацијата на оваа сообраќајно решение, придобивките ќе бидат видливи.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција, во ко-организација на Европската комисија, Светска банка, Совет на Европа и УНДП и на која учество земаа претставници на овие институции и министри од земјите од Западен Балкан.
И годинава, четврта година по ред, го задржуваме напредокот на Индексот за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, меѓународна новинарска организација која години наназад ги регистрира притисоците врз слободата на медиумите на светско ниво. Сепак, тој напредок е бавен, ние сме на 90-тото место кое и не е баш за радување и фалење, а извештајот на РБГ и понатаму посочува на „традиционалните“ аномалии кои ги влечкаме години наназад.