ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Царовска: Постигнавме согласност за Колективниот договор, повеќе пари за наставно-научниот кадар, повеќе инвестиции, помотивирани и поквалитетни студенти е стратегија на оваа Влада

April 21, 2021 15:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Зоран Заев, заедно министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска на Природно-математичкиот факултет остварија средба со деканот Александар Скепаровски и продеканите на факултетот на која беше дебатирано за усвојувањето на Колективниот договор за високо образование и наука.

Во изјавата за средбата премиерот Заев рече дека конечно е постигнат договор којшто неколку претходни Влади не успеја да го остварат.

„Ние во последните две-три години, низ инклузивна размена на мислења со управите на високо-образованите институции и со синдикатите, успеавме да го доведеме до неговата завршница. Со Колективниот договор е предвидено и зголемување на плататa на наставниот и ненаставниот кадар во 2021 година и во 2022 година. Со стабилизацијата на економската ситуација од последиците од панедмијата со КОВИД-19, ваквата динамика на раст на платите ќе продолжи и до 2025 година“, истакна претседателот на Владата Заев.

Со овој Колективен договор за прв пат по 30 години се уредува системот на плати во високото образование и се спречуваат неизвесностите на кои со години  беа изложени научниот, наставниот и ненаставниот кадар во високото образование. Дополнително колективниот  договор за прв пат ја уредува и основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование.

„Едно од позабележителните постигнувања со овој Колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќаа со големи тешкотии од страна на високообразовните установи“, нагласи Заев.

Министерката за образование и наука Мила Царовска посочи дека продолжуваат инвестициите во науката.

„Оваа година во споредба со минатата година имаме 12% повеќе финансиски средства за наука и во идниов период ќе работиме на системско финансирање на лабораториите коишто се акредитирани, а оние кои не се акредитирани да успееме да станат акредитирани на факултетите и да продолжат да создаваат наука којашто е апликативна и ќе приденесе за целокупниот развој на нашата држава“, рече Царовска.

Колективниот договор, како што рече Царовска, е големо достигнување и очекува наредната недела да биде потпишан со синдикатите.

„Овој Колективен договор за првпат ја уредува основната бруто плата во високото образование, којашто 30 години не била утврдена и ги утврдува коефициентите на сложеност на работните места коишто се во високото образование. На тој начин се обезбедува квалитет во високото образование, но и конечно да имаме поорганизиран систем којшто тековно ќе може да се опслужува со согласности за вработување и да не се доведуваме во ситуација во којашто кога одреден процент на професори ќе се пензионираат да немаме можност за нивна замена, за да одредена научна дисциплина да продолжи да се остварува на факултетите“, потенцираше министерката Царовска.

Деканот на Природно-математичкиот факултет Скепаровски рече дека е остварена средба на којашто се разговараше за прашања кои се исклучително важни како што се инвестициите во високото образование кои се особено важни за континуирано финансирање во инфраструктурата на факултетите и истражувачки капацитети, и дека тоа што започна минатата година, ќе биде процес кој ќе тече и следните години.

Next Post

Акциите на „Нетфликс“ паднаа за 11 отсто

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk