ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Состанок на Граѓанскиот инспекциски совет отворен за јавноста

April 22, 2021 16:02
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО

Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС) денеска, на Денот на Планетата Земја, одржа состанок отворен за јавноста, еден месец од јавната промоција на Денот на водите, 22 март, а во склад со договорените месечни состаноци во полн состав.

Во меѓувреме, како што посочуваат од „Зелен институт“, се работеше на внатрешната структура во работни групи, според приоритетните потреби во животната средина и експертизата на граѓанските организации.Како што кажа координаторката Лилјана Поповска од „Зелен институт“, формирани се пет работни групи, со свои координатори и заменици.

Кирил Ристовски од „Флорозон“, координатор на групата за закон за инспекција, реферираше за состојбата со законската регулатива и отсуство на заокружен текст за анализа и дополна. Во моментов, додаде, се работи на „листи за проверка“ на различни инсталации што треба да им бидат полезна алатка на инспекторите за стандардизирани процедури при надзорите и за поголема ефикасност. Изготвена беше таква листа за свињарски фарми од страна на проф. Александра Цветковска Ѓеорѓиевска од Институтот за биологија и веќе употребена од ДИЖС при надзорот во Малешевијата.

Невена Георгиевска од „О2 Иницијатива“, координаторка на групата за отпад и депонии, ги претстави приоритетите за поголема контрола на опасен отпад, но и да се утврдат критериуми за проценка и контрола на изворот, видот и количеството на отпадот за депонирање. Од ДИЖС е добиен список со контролирани депонии и според сознанија, напредок има само во општина Валандово. Има договор во групата да се обратат писмено до градоначалниците и да побараат почитување на наложените стандарди.

Заменик координаторот Бојан Трпевски од „Млади правници“ ја искажа спремноста на групата да им помогне на општините со едукација и правни механизми за подобрување на состојбите.

Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко свест“, координаторка на групата за води, ги наведе приоритетите: надминување на проблемот со враќање на пријави и преставки од инспекторите до надлежни институции и судови, за што е потребна заедничка обука, каде може да помогнат тие, заедно со „Млади правници“; коментари на Законот за води заедно со Алијансата „РазбистриСе“; обезбедување целосна регулатива и постапка за малите хидроцентрали, заради полесен надзор од инспекторите, за што „Еко свест“ ќе направи обука за мониторинг на биолошкиот минимум, кој треба да се смени во еколошки минимум.

Како заменик координаторка во групата за природа, таа наведе дека се чека Законот за природа за да се интервенира во него; нови надлежности на ренџерите во заштита на природата; зголемување на капацитетот на ДИЖС преку повеќе инспектори, за да не биде само еден инспектор за природа, за што ќе се обратат до Министерството за финансии. Најави и реакција за хотелот Парк во Охрид, а и можност за вклучување во Комисијата за светско и културно наследство.

-Во име на групата за индустриско загадување, Лилјана Поповска наведе: законска обврска за автоматски мониторинг во индустријата преку Законот за индустриски емисии што се очекува, или преку друг закон амандмански; надзор над погони за мебел во Тетово заедно со овластени инспектори; активности со малата хидроцентрала во Лешница најблиску до изворите, заедно со групата за води; притисок до институциите за решавање на историскиот отпад од стари и постоечки рудници, како и од РЕК Битола и Осломеј; јавна дебата за гарантен фонд за ремедијација; барање редовни извештаи до ДИЖС од локалните инспектори; анализа на елаборати за животна средина и ревизија на можни неточности, посебно во делот на соодветни филтри; листа за проверка на тешка индустрија, се наведува во соопштението од „Зелен институт“.

По искажувањата на граѓански организации како членови на ГИС, директорката на ДИЖС, Ана Петровска, изразила големо задоволство и „восхит за ентузијазмот“, како и благодарност за граѓанскиот сектор како мост за поголема транспарентност на институциите и помош во состојба на недоволно ресурси на ДИЖС, а посебно за правната помош во проблематични предмети. Особено ја истакнала потребата од помош за решавање на проблемите со малите хидроцентрали кои ги загрозуваат водите и биодиверзитетот во најубавите планински подрачја.

извор: МИА

Next Post

Ринкевичс по средбата со Димитров: Се надевам дека Северна Македонија ќе биде 28-та членка на ЕУ

НАЈНОВО

Фото: EXIT Promo

Бајага и Инструктори настапуваат на 7 септември на Get EXITed во Струмица

September 3, 2025

Мицкоски: Новинските агенции ја пишуваат првата страница на вистината, создаваат јавна меморија, градат доверба и ја оддржуваат демократијата

September 3, 2025

Ретроспективна изложба „Живко Поповски – Живот посветен на архитектурата“

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ја спаси Македонија од новото задолжување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk