ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Новиот концепт го поставува ученикот во центарот, но се грижи и за наставникот

April 24, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обука наменета за 44-те обучувачи од националниот тим за обука кои ќе треба да ги подготват наставниците да ги применуваат новите наставни програми за прво и четврто одделение, од 1 септември следната учебна година кога треба да почне спроведувањето на новиот концепт за основно образование, денеска и утре се одржува во Скопје.

-Наставниците кои треба да бидат обучувачи на наставниот кадар во прво и во четврто одделение се веќе со расчистени дилеми за голем дел од работите на кој начин да се спроведуваат и што е она што треба да биде придобивка од оваа концепција. Следува периодот во кој тие самите ќе треба да изготват тренинзи и да ги спроведат во мај, како и од 15 јуни до 15 јули, а третиот модул на обука ќе биде последен и ќе биде баш пред стартот на учебната година, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска пред почетокот на обуката.

Нагласи дека целта на обуката на наставниот кадар е што поспремни да влезат во училница и да ги реализираат наставните програми за прво и четврто одделение како што е предвидено.

Новата концепција, посочи, предизвика промени во Законот за наставници и стручни соработници и во законското решение кое е во собраниска процедура, првпат се утврдува и кариерниот развој и се позиционираат повеќе ментори во едно училиште, како и се утврдува дека вработувањето на наставникот е на неопределено време.

-Со тоа се спречува понатамошна злоупотреба на наставниот кадар која со години се правеше, а се спречуваат и неизвесноста, економското држење во стеги и правната несигурност која ги правеше наставниците понесигурни и не дозволуваше нивните капацитети и креативност да излезат на виделина, рече Царовска.

Во овој закон, додаде, првпат се поставува минималната плата како основа што укажува дека усогласувањето на минималната плата ќе влијае и на усогласувањето на платата на наставниот кадар.

-Сметам дека ова ги мотивира и оти голем дел од наставниците веќе се со позитивни критики и сега единствено им останува да се посветат на учениците. Оваа реформа првпат го поставува ученикот и детето во центарот, но грижата за наставникот е неопходна и пред се зашто ни еден концепт, ни една  наставна програма не може да биде добра ако наставниците не се доволно обучени и доволно мотивирани. Сметаме дека и ги обучуваме и ги мотивираме со новото законско решение за да имаме квалитетно образование, рече Царовска и додаде дека е сигурна оти тоа ќе се постигне за период од шест години ако се работи со заеднички сили.

извор: МИА

Next Post
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Заев: Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството, 2 милиони евра од шестиот пакет за поддршка на компаниите

Shortcut

Најново

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk