пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ
Нека излезе напред оној кој на доделена политичка позиција – директор, министер, заменик, пратеник, советник, градоначалник, го направил истово што Стојко го направи кон оној што го поставил, и нека го прогласува за херој…
Стојко е најголем херој во очите на циниците и јебиветрите кои редовно водат лична борба против Заев. Стојко е најголем херој кај луѓето кои повеќе се одушевуваат дека, ете, и од внатре, од СДСМ, од нивната „сељачизирана“ партија, се нашол некој „мудоња“ кој му пркосел на Заев, иако, тие самите никогаш не смееле да гугнат пред, а недајбоже да му се спротивстават јавно на нивниот политички лидер или премиер во нивно време. Стискале и црвени и зелени копчиња во Парламент по директива на началството на партијата, опонирале според дадените задачи и инструкции од врвот на партијата, потпишувале дупови и гупови, тендери и други коруптивни тракатанци, и додека биле на власт, никој од сегашниве егзамплари кои од Стојко прават херој, не се осмелил да го направи истото што сега го презентира Стојко, и да станат херои. Ниту еден не се покажал во јавноста со овие доблести, барем јас не паметам, за да сега му ја даваат поддршката на Стојко, и од него да прават национален херој. Јебо их Стојко…
Апла свршуваат на социјалниве мрежи, се лигават, само за да го искористат во дискредитацијата и евентуалниот „половина“ чекор напред во „паѓањето“ на Заев. Нема врска тоа што акцентот на вистинската намера на Стојко, ниту е во пркосот, ниту во слепата партиска послушност со која многумина од нив се соочувале исто како Стојко, ама, немале три чисти да го сторат истото, туку молчеле како пички под кошули. Таквиот однос кон Стојко е нефер, нереален, несоодветен, намерен и со една цел, да се искористи во дискредитацијата на владата на Заев и на Заев лично. Но, политиката е курва, и во неа се дозволени и курвински потези, и верувам дека оваа вештачки набилдана еуфоричност кај овие негови поранешни и сегашни сопартијци, ќе ја разбере на прав начин…
А што всушност направи Стојко? Не се согласувам со тезата дека овој потег е никулец за воспоставување на еден сосема различен, нов пристап на доблесните, самосвесните и одговорните од доделените им политички позиции и функции. Тоа ниту било ниту ќе биде.
Тешка заблуда е дека можеме да веруваме во таква пролет. Стојко, демек, најавува нешто ново, па од надвор, додека е на позиција, на ова сончево време со краткотрајни дождови и се обидува преку соц. мрежите да внесе ветер и грмотевици. Нов однос на политичките внатрепартиски релации, кои ако не можат да се решат внатре, тогаш ќе ги решаваме од надвор, преку социјалните ветерници и ќе предизвикуваме цунамија. Ма немој?!?
Дури и во пролет, неприфатливо е за кој било лидер, уште помалку за функционер, ич за партија која е на власт, да се согласува со ваквиот однос на нивни назначени односно позиционирани функционери. Секој од нив однапред знаел дека со некои одлуки на партијата во владата нема да се согласуваат, но, штом ја прифатиле позицијата, тогаш прифатиле и да ја играат таа политичка игра, со која, всушност и овие кои сега од Стојко прават херој, во најмала рака биле партиски послушници и лидеропоклоници. Некои одлично „пушеле“…
Решавање на партиски или владин статус на позиција од надвор, а не си се обидел тоа да го направиш внатре е грешка на „херојот“. Дури и да се обидел, а не добил одговор не требало да дејствува на овој начин. Тоа е повеќе слабост отколку доблест. Повикување со аргументите и јавно расправање со тие несогласувања со владини одлуки, дури и со најиздржаните аргументи, е партиска недисциплина. Секој лидер тоа би го разбрал баш како што го разбра Заев. Тука да немаме дилеми и трилеми. Стојко може да излезе надвор, да ги напушти позициите, и од таму да споделува образложенија и слично…
Е сеа, токму најголемите лидеропоклоници и дисциплинирани послушници на нивните челници во нивно време, сега, од Стојко прават херој. Тоа што тие никогаш не го направиле, ниту во иднина би го направиле, сега, преку примерот на Стојко, за нив е херојство. Ебиго друже судија, ама, вака ми стојат работите. Полни со антагонизам, потценување, антипатии кон ликот на лидерската позиција, со нискооктанската ароганција, односно лажна полтронска почит кон надредениот, од различниот сега прават херој за да тие дојдат во позиција никогаш да не бидат Стојко. Кој во овој случај ја менува парната локомотива и спојките на вагоните на мкд политичката композиција? Стојко или Заев? Кој, всушност, го прекинува следново:
Триесет години, главните прашања за тоа каде оди македонската политичка локомотива се: кој колку украл, кој колку грабнал, кој колку ја оштетил државата, кој колку се нафатирал со државен имот, кој колку пари собрал на грбот на граѓаните. Плугот на политичката парна локомотива во Македонија нема милост кога апашлукот е во прашање. Собира сè пред себе на шините а највеќе во мрачните тунели каде се извршува деценискиот грабеж. Патниците? Кој ги шиша. Нек затворат прозори да не им влезе црниот токсичен чад од ќумурот на ложачите, и нек свршаваат скокајќи на сензационалистичките пратенички прашања за тоа кој колку им ја ебал мамата. У тунелу у сред мрака, со осум или шеснајс крака, Македонија од кур на кур скака. И 30 години така, па така…
Наставници градоначалници, сега милионери, незавршени осмооделенци пратеници, исто така милионери, неписмени дибеци професори политичари, министри и заменици, благовестни неизживеани сопруги на премиери, глупантропски заставници високо образовни презентери, новинарки и новинари скупи манекени, транзициски директори милијардери. Најважните прашања за достигнување на оргазмичката екстаза во патничките вагони после загушувачкиот криминоген чад доаѓаат како бајадери – „Вашиот има поише украдено од нашиот, бе! Вашиот само крадеше, нашиот барем и нешто градеше! Виде ли како му го плесна нашиот на вашиот? Мераци. А виде ли како нашиот го закопа вашиот сношти на ТВ, а? Мамето му го еба, бе, еј! Вие со нас. Ќе видите на избори, ве мачкаме ко вруќ путер на топло лепче. Црпнатиот ќе го јаде, и у затвор ќе окапе! Да бе, жими ашимов, кај ти е Грујо, бе торкоид, кидна и остај фамилија на милост и немилост а тој се препичуе од далеку и чека лешперски некои други овде да му ја завршат работата!“ Затварајте прозори, свири локомотивата, иде нов тунел, а патниците извикуваат – Ој машино јебем ли ти пругу…
Да ама локомотивата е електрична…
Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.