ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Состојбата со Ковид-19 деновиве ќе биде анализирана од Комисијата за заразни болести во пресрет на празниците

April 25, 2021 09:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Епидемиолошка состојба со Ковид-19 се очекува наредните денови да биде анализирана од Комисијата за заразни болести, по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.

Според министерот за здравство Венко Филипче, иако состојбата со Ковид-19 се стабилизира мора да останеме максимално внимателни. Граѓаните треба максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно треба да бидат внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик.

– Вакцината е најдобриот начин за борба против пандемијата. Секој од нас треба да учествува во таа битка. Само така ќе може да му се вратиме на нормалното живеење, на блискоста со драгите луѓе, на дружбите со пријателите. Пријавете заинтересираност за вакцинација на vakcinacija.mk , објави вчера министерот Филипче на својот фејсбук профил.

Вакцинацијата во државава се одвива добро. Досега се вакцинирани 44 974 граѓани, а за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk се пријавени 192 459 граѓани. Се очекува имунизацијата поинтензивно да продолжи да се спроведува по велигденските празници.

Министерот Филипче во петокот изјави дека 200 000 дози од вакцината „Синофарм“ треба да пристигнат околу 28 април.

– Добивме листа од компанијата „Фајзер“ со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количини во мај. Секој понеделник меѓу 5000 и 7000 вакцини, околу 26 000 се предвидени да стигнат во текот на целокупниот месец и тоа ќе биде една количина која ќе испланираме како ќе биде дистрибуирана ширум државата, истакна Филипче.

Шефот на австриската дипломатија Александер Шаленберг, чија земја е координатор на ЕУ за испорака на вакцини за Западен Балкан во интервју за МИА истакна дека за регионот се обезбедени 651 000 дози од вакцината на Бионтек/Фајзер, а пред неколку дена биле склучени договорите со сите шест партнери од Западниот Балкан. Од оваа количина во Северна Македонија ќе бидат испорачани 119 000 дози во неколку транши почнувајќи од мај до крајот на август.

Австрија однапред ќе ги финансира вакцините. Земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, ќе бидат финансирани преку средства од ИПА II што Европската комисија ги одобри при крајот на декември минатата година. Така, сите 119 000 дози за Северна Македонија ќе претставуваат донација од страна на Европската унија и нејзините земји-членки, истакна Шаленберг.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 564 случаи со Ковид-19, 22 починати и 1 357 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 17.128, од кои 7737 се во Скопје.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1528 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 596 пациенти во Скопје.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

July 25, 2025
Скриншот

Хоророт „Заедно“ се соочува со тужба за авторски права

July 25, 2025
Димитар Николовски

Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

July 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Поранешниот украински врховен командант Залужни предупредува дека војната со Русија може да трае до 2034 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам за домашна употреба: Резолуцијата што ѝ штети на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николовски: Бугарија нема да прифати резолуција без контра-понуда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk