Владата на Република Северна Македонија денеска преку соопштение ги информира граѓаните и јавноста дека „преземањето на административните службеници се врши преку распоредување на вработениот на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот на систематизација во институцијата во која се распоредува или се презема“.
Мнозинството Американци позитивно ги оценуваат стоте дена на претседателот Џо Бајден, покажуваат резултатите од трите нови анкети. Генерално, анкетите покажуваат дека од 52 до 58 проценти од возрасните во САД позитивно се изјасниле за работата на Бајден, а од 39 до 42 отсто изјавиле дека не се задоволни.
Овие измени на Кривичниот законик во Министерството за правда се веќе направени, пратени во Владата и поставени на увид. По завршувањето на периодот за забелешки тие ќе бидат изгласани од Владата и пратени понатаму во собраниска процедура. Очекувањата се дека во втората половина на мај тие ќе се најдат пред пратениците за гласање, истакна Видиновски.за емисијата „25 Минути“