Илон Маск призна дека „неколкумина“ луѓе ќе умрат во трката да стигнат до Марс.
Пионерот на Спејс Икс се изнасмеа на тоа како некои луѓе гледаат на неговата мисија на Марс, само како на едно „прибежиште и привилегија на богатите“.
– Можеби ќе умрете, нема да е удобно и веројатно нема да бидете снабдени со храна, ова не е за секого, само за волонтери… низ шега се рече Маск.
Маск предвиде дека до 2026, неговата компанија ќе прати луѓе на Марс. Неговата компанија, има лансирано преку 100 ракети во последната деценија, во обид да привлече туристи на Марс и на Месечината.
Во 2015 година, Маск разговараше за поставување град на Марс по успешното слетување на ракета од страна на Спејс Икс. Потоа, тој објави труд во јуни 2017 година за човештвото да стане мулти-планетарен вид, поставувајќи планови за да има дури 1 милион луѓе на Марс.
извор: Nypost.com
подготвил: Марија Миткоска